Мора да ја ползуваме, колку што можеме духовната арена со сите можности и предуслови што ни ги дава за уште повеќе да Му се приближиме на Христа Распнатиот, да ја добиеме Неговата помош и духовно преобразени, да се радуваме на Неговото свето Воскресение, бидејќи подуховно ќе го проживееме Великиот пост.Ви посакувам на сите добри сили за време на Великиот пост за да се искачите на Голгота и да Му се доближите на
Проф. д-р Ратомир Грозданоски – ПРОШТАЛНА НЕДЕЛА
На сите да им простиме сè. Дури и на непријателите. Така Господ направил. Од крстот рекол: „Оче, прости им,...!“ (Лука 23,34). Бог бара од нас да не бидеме никогаш во непријателство со луѓето и да немаме злопамтливост (Матеј 5,23-24).
Да простиш, значи да не дозволиш веќе во срцето да ти влезе лоша желба или да ти падне лоша мисла на ум. Да ти исчезнат лошите намери и планови. Очистеното срце да го наполниш со љубов