† ВТОРА НЕДЕЛА ОД ВЕЛИКИОТ ПОСТ - НА СВЕТИ ГРИГОРИЈ ПАЛАМА
Во манастирот „Св. вмч. Георгиј“ во Рајчица, Дебар, беше отслужена света архиерејска Литургија, на која чиноначалствуваше Неговото Високопреосвештенство Митрополитот Дебарско-кичевски и Администратор Австралиско-сиднејски г. Тимотеј, во сослужение на архимандритот Партениј, игумен на манастирот, протоереј-ставрофор Никола Христоски, еромонасите Доситеј, Макариј и Ефросиниј, свештеникот Миле Алексоски, протоѓаконот Николче Ѓурѓиноски..