Ти прашуваш како треба да се молиш? Господ Исус Христос ни говори на сите нас: молете се како цариникот, угодувај Му на Господа како вдовица кон неправеден судија. Господ повторно нè учи: познај ја својата ништожност, својот неисплатлив долг, признај ја и почувствувај ја својата вина пред Господа, заборави ги сите свои добри дела (добри дела немаме како нешто свое, а ако нешто имаме, тогаш тоа се дела извалкани со разни нечисти примеси – суета, гордост, користољубие и сл.) и како должникот
СВЕТИ ГРИГОРИЈ ПАЛАМА И НЕГОВОТО УЧЕЊЕ
Свети Григориј Палама на кого му должиме за појавата на молитвата „Господи, Исусе Христе, Сине Божји, помилуј ме грешниот’’, или поточно нејзино непрестајно повторување (до 12 илјади пати на ден), е роден во 1296 година во Константинопол во семејство на сенатор. Се здоби со брилијантно класично образование, студираше граматика, реторика, физика и логика. Особено го љубеше грчкиот филозоф Аристотел. На 17 години младиот го восхити византискиот двор,