Заборавениот Претеча
Пишувам денес, 11 септември, на празникот на св. Јован Претеча. Вчера вечер ревносно отслуживме Вечерна во еден параклис. Бевме само два-тројца мажи и неколку жени. Утрово служевме Литургија, и повторно – само неколкумина верници. Продавниците надвор беа отворени, сите работеа како да не се празнува најголемиот светител во нашата вера.