Како е Христос? – старец Амфилохиј Макрис (31.01.2016)
Те прашувам: има ли рани на Неговите раце, нозе и ребра? Зашто гледам, како денешните христијани Го рануваат со своите гревови уште поусрдно, отколку јудеите кои не Го познале. Ника, има ли Тој траги од плунки на Неговиот прекрасен и најсладок лик? Зашто, многумина од нашите современици, образовани и неписмени, Го понижуваат по улиците и кафаните.