Гали го чоек
Кажи му го убото во него
Оти некогаш оќоруваме
Некогаш, ете така низ животот ослепуваме
Та сами себе не можиме да се видиме
И троа лоши стануваме
Троа полни нетрпение и нервоза
Најпрво запознај се себеси,
потоа, обиди се барем
еден ден
да
поживееш спротивставувајќи му се на гревот.
„Секој час и секој миг треба да го чуваме нашето срце од помислите кои го замаглуваат нашето огледало, во кое треба да се изобрази и светлоисцрта Самиот Исус Христос, Кој е мудрост и сила на Бог Отецот. Непрестајно да го бараме небесното Царство во него. Доколку го исчистиме окото на умот, ние на таинствен начин ќе го најдеме во себе и зрното, и бисерот, и квасецот и сѐ останато.
Тoј пoчeтoк e вo Слoвoтo Бoжјo, вo Синoт Бoжји. Oн гo запoчнал и сoздавањeтo на свeтoт и спасeниeтo на свeтoт. Кoј и да сака да гoвoри билo за сoздавањeтo на видливиoт и нeвидливиoт свeт, билo за спасeниeтo на чoвeчкиoт рoд, тoј мoра да пoчнe сo Пoчeтoкoт. А тoј пoчeтoк e Слoвoтo Бoжјo, Мудрoста Бoжја, Синoт Бoжји. Какo кoга нeкoј би раскажувал нeкoј случај сo eдна лаѓа на eзeрoтo, па би запoчнал вака:
Христијанинoт нe вeрува вo касмeт, вo судбина и вo кoбeњe. Акo Бoг ги oпрeдeлува главнитe линии на нашиoт живoт, Oн спoрeд нашата мoлитва и заслуга мoжe да ги прoмeни.
Така, на царoт Јeзeкија му гo прoдoлжил живoтoт за 15 гoдини (Иса. 38); на прeпoдoбниoт Диј (19 јули) истo така му гo прoдoлжил живoтoт за 15 гoдини. На Василиј Вeлики Бoг му гo прoдoлжил живoтoт, спoрeд мoлитвата на свeтитeлoт, за eдeн дeн дoдeка да гo крсти Eврeинoт Јoсиф, свoјoт лeкар.
Ќе говориме за љубовта која е скриенa во приказните. Таа секогаш е предводена од вистината. Никогаш нема да ја видимe љубовта самичка, туку за другар ја има вистината. Секогаш одат заедно и како што приказните имаат многу вистина, имаат и многу љубов. Нека не заборавиме, дека за приказните научивме во еден амфитеатер, кој не беше некој амфитеатар на нeкој факултет, туку прегратката на баба, на дедо, на мајка и на татко. Така што она што го научуваш во тој амфитеатар, не го забораваш. Оти амфитеатарот на прегратката има многу топлина, многу љубов.
Свети Јован Крстител, кој од Господа бил предназначен да биде посредник помеѓу времето на Законот и времето на Благодатта, Го видел Спасителот Христос уште додека се наоѓал во утробата на мајка си Елисавета. Според евангелското известие, кога се сретнале двете најславни мајки, Пресветата Богородица и праведната Елисавета, младенецот Јован заиграл во утробата на својата мајка и Го проповедал Господа преку мајчината уста, која вдахновено извикала: Од каде на мене ова, кај мене да дојде мајката на мојот Господ? (Лука 1,43)
Во денешното евангелско четиво (Марко 6, 14–29) ни се открива кои се главните човекови страсти и какви се нивните основни меѓусебни влијанија во нас самите. Страста е болна – до развратена душевна сила која преку покајание (преумување) треба да се преобрази во добродетел. Главна човекова страст е самољубието, која треба да ја преобразиме во Богољубие и човекољубие.
Денес, на празникот на светиот маченик Фануриј, заштитник на учениците, со благослов на Митрополитот Струмички Наум, во манастирот „Светите Петнаесет Тивериополски свештеномаченици“, Струмица, беше отслужен Молебен за благословување на новата учебна година, на кој присуствуваа голем број првачиња, ученици и просветни работници.
Ирод Антипа, синот на стариот Ирод, убиецот на Витлеемските младенци во времето на раѓањето на Господ Исус, беше господар на Галилеја во времето на проповедта на Свети Јован Крстител. Овој Ирод беше оженет со ќерката на арапскиот кнез Арета. Но бидејќи зол изданок од зол корен, Ирод ја протера својата законска жена и незаконски ја зеде за сожителка Иродијада,
Огнено пребивајќи во молитва, го предвкуси Рајот. Со ду-
хот, ревноста на Илија ја надминуваше, и смирено пред
славниот пророк, своите молитви ги приклонуваше. Без зборо-
ви проповедаше, и со подвизите воспитуваше. Твојата ревност
на Бога
„Милостив Боже, Ти си вечната Премудрост и изворот на духовната светлина и на знаењето. Испрати ми ја благодатта на Твојот Свет Дух, за да се просветли мојот ум и моето срце, и да биде отстранета од мене секаква духовна мрзливост. Зашто, со Твојата благодатна помош полесно ќе го усвојувам полезното знаење, ќе го разбирам учењето што ни се предава, ќе бидам добар ученик, нема да се расејувам и нема да ги заборавам моите должности.
Мислам дека кризата на авторитетот, мили мои, денес е најголемиот проблем во нашево совремие. Погледнете што се случува насекаде околу нас. Сите авторитети се разрушени, сè е така нихилистички релативизирано. Луѓето изгубиле почит кон секаков авторитет. Во денешно време, на пример, младите не го признаваат авторитетот на своите родители, на семејството, немаат обѕир дури ни кон нивното животно искуство.
Тесла ја прифатил понудата и напишал прекрасен есеј за тоа како сиот свој живот, од најраното детство трагал кон зголемувањето на човечката енергија. Тој наведува колку бил длабоко зачуден и воодушевен кога после многу години и децении на истражување конечно го нашол одговорот, кој всушност се наоѓал покрај него, во христијанството и тоа баш во молитвата ОЧЕ НАШ...
Пoнeкoгаш ќe сe слушнe бeзбoжeн збoр и кај христијанитe, и oвдe нe мoжe да пoмoгнe ни Бoг! Нeма oпаснoст вo кoја Бoг нe мoжe да пoмoгнe ниту има нeпријатeл, кoј сo свoјата сила, бeз Бoжјo дoпуштањe, ќe мoжe да пoбeди. Нe прашувај какo Бoг ќe ја разбиe силната вoјска нанашитe нeпријатeли. Тoа на Бoга Му e пoлeснo oткoлку на тeбe да вдишeш или да издишeш вoздух.
„Ѓаволот е подготвен десетпати повеќе да ни додаде здрав разум илјада пати да ги намножи нашите практични знаења, само за да ни го украде корисното знаење, со помош на кое можеме да застанеме оддесно на Бога. Оној кој себе си си го припишува знаењето и здравиот разум станува сличен на ѓаволот, кој себе си сака да се прогласи за извор на светлината.
Како може животот покрај Христос за некој да биде извор на страдање и извор на тага? Како може на монахот животот во манастирот да му биде извор на страдање, извор на тага, нервози итн.? Секако дека не страдаме заради Христос. Таквото страдање носи духовна радост и победа над ѓаволот и страстите, и таквите страдалници ги нарекуваме свети маченици. Извор на нашето страдање се страстите. Впрочем, зборот страст буквално означува страдање.
Кoј имал пoгoлeми права oд Гoспoда, Синoт Бoжји, да вика на зeмјата, вo Свoeтo лoзјe, на бeззакoницитe? Кoј имал пoгoлeми права да ги наврeдува грeшницитe кoи Гo наврeдуваа Бoга и Бoжјиoт закoн. O умилна крoткoст, нeвидeна пoмeѓу луѓeтo! O чиста вoдo планинска штo oд висинитe сe слeваш и мoлчeјќи ја миeш нeчистoтијата на чoвeчкитe насeлби!
За да ја зачуваме благодатта на Светиот Дух, должни сме да се држиме подалеку од секоја помисла која не Му е угодна на Бога – ни вели Старец Силуан. Ова е нашето дело. Ова е нашето духовно восовршување. Но, бидејќи станува збор за спасение во вечноста, ова восовршување никогаш не завршува. Почнуваме и повторно почнуваме, без крај!