КОНКУРС (26.05.2015)
Епархискиот Архиереј и Епархискиот Управен Одбор (ЕУО) на Македонската Православна Црква, Епархија за Австралија и Нов Зеланд (МПЦЕАНЗ) распишува: КОНКУРС
За парохиски свештеници во МПЦЕАНЗ.
Епархискиот Архиереј и Епархискиот Управен Одбор (ЕУО) на Македонската Православна Црква, Епархија за Австралија и Нов Зеланд (МПЦЕАНЗ) распишува: КОНКУРС
За парохиски свештеници во МПЦЕАНЗ.
Да не заборавиме дека просвета, значи просвештение, а со што би се просветиле ние освен со Христос. Овој завет ни го оставиле св. Кирил и Методиј, а го продолжиле светите Климент и Наум Охридски и другите ученици дека: Ти си наше просвештение Христе Боже наш и Тебе слава Ти вознесуваме со Беспочетниот Твој Отец и со Пресветиот благ и живототворен Дух, сега и секогаш и во сите векови.
“ Не со меч и оган, туку со неодоливата сила на љубовта Христова, со словото Божјо, со неискажливо смирение, со проповедта на мирот Божји, ги освоија оние коишто живееја во „темнина и смртна сенка“, па тие доброволно станаа поданици на Царството Христово. И ете, на темелот кој тие богомудро го положија се издигна моќна духовна градба, како блескаво и неизбришливо сведоштво на верата и љубовта во Троичниот Бог.
Што е православна цивилизација? Дали е тоа цивилизација во онаа смисла во која се подразбира Западната цивилизација? Не, Православието не е цивилизација, и покрај тоа што Тојнби употребува термин „православна цивилизација“. Секако дека во Православието постојат претпоставки за создавање цивилизација, меѓутоа Православието не е цивилизација. Зошто?
„Ние го прославуваме денес подвигот на двајца извонредни луѓе, двајца просветители, Кирил и Методиј. Тие му ја донесоа на словенскиот род азбуката, писменоста, а преку тоа и просвештението. А каква е целата на секое просвештение: Што кај нас треба да се просвети, освети? Потребно е да се просветли умот и срцето на човекот. Ако се просветува само и единствено умот, а срцето пребива во темнина, тогаш човекот може да стане способен фантазер и талентиран престапник.
На 24 мај 2015 година, на гробот на свети Кирил во црквата „Свети Климент“ во Рим се одржа молебен, со кој чиноначалствуваше Неговото Блаженство, Архиепископот Охридски и Македонски г.г. Стефан во сослужение со Неговото Високопреосвештенство митрополитот европски г. Пимен, Неговото Преосвештенство епископот хераклејски г. Климент во сослужение на повеќе свештенослужители. На чествувањето присуствуваше и државна делегација предводена од премиерот Никола Груевски.
Вo Сарацeнскиoт табoр гo прашалe св. Кирила: “Какo христијанитe мoжат да вoјуваат и пак да ја oдржат Христoвата запoвeд за мoлeњe на Бoга за нивнитe нeпријатeли?” Свeти Кирил oдгoврил: “Акo вo eдeн закoн сe запишани двe запoвeди и им сe дадeни на луѓeтo за извршувањe, кoј чoвeк ќe бидe пoдoбар извршитeл на закoнoт: oнoј кoјштo ќe испoлни eдна запoвeд или oнoј кoјштo ќe ги испoлни двeтe запoвeди?” Св. Кирил прoдoлжува: “Христoс, нашиoт Бoг, ни запoвeда да сe мoлимe на Бoга за oниe кoи нè гoнат и да им правимe дoбрo и на нив;
А плодот на Духот е:
љубовта, радоста, мирот, долготрпеливоста, добротата, милосрдноста, верата,
23. кротоста, воздржливоста. Против такви нема закон.
Гал. 5 ,22 - 23)
Почетокот на црковнословенската глаголица (буквица, но и Кириловица) е ист со почетокот на македонската азбука: а, б, в, г, д. Но, на црковнословенски јазик буквите имаат свои имиња: А = аз, Б = буки, В = веди, Г = глаголи, Д = добро, итн. Глаголицата започнува вака: Аз (јас) буки (букви) веди (знај) глагол (говори) добро (добро) – што во превод би значело: „Азбуката знај ја и говори ја добро“.
Кај мене на исповед дојде едно болно девојче на 12 години од детскиот дом за ментално заостанати. Тоа не можеше да поврзе ни два збора, постојано се вртеше, имаше ненормален поглед, постојани гримаси – сето тоа Зборуваше за нејзината „неполноценост“ (недоволност). И, ете, таа започна да се исповеда и причестува секоја недела. По една година кај неа се појави потреба да ги открие своите помисли.
Кoи мисли сe лoши? Ситe oниe кoи дoаѓаат спрoтивнo на закoнoт Бoжји, на слoвoтo Бoжјo. Лoшитe мисли сe самoвoлeн чoвeчки закoн, кoј чoвeкoт самиoт на сeбe си гo припишува и пoкрај и прoтив закoнoт Бoжји. Акo ли, пак, чoвeкoт e цврстo рeшeн да сe придржува кoн закoнoт Бoжји, лoшитe мисли тoгаш сe нeмoќни какo сeнки штo брзo сe пoјавуваат, нo, истo така, и брзo исчeзнуваат. Тoгаш чoвeкoт e гoспoдар над свoитe мисли, бидeјќи гo чувствува Бoга какo гoспoдар над сeбe.
На 24. 05. 2015, кога Светата православна црква го слави споменот на светите рамноапостолни и сесловенски просветители Кирил и Методиј, во соборниот храм на Тетовско-гостиварската епархија во Тетово, посветен на светите солунски браќа, се отслужи света архиерејска Литургија. На Литургијата чиноначалствуваше Неговото високопреосвештенство, Митрополитот преспанско-пелагониски и администратор Австралиско-новозеландски г. Петар,...
На денот кога Православната Црква молитвено се сеќава на Вознесението Господово, Архиепископот охридски и македонски г.г. Стефан отслужи Божествена Литургија во храмот Свето Вознесение - Св. Спас на Кале. На Литургијата во протопрезвитерски чин беше ракоположен свештеникот Томе Атанасовски.
Кoи мисли сe лoши? Ситe oниe кoи дoаѓаат спрoтивнo на закoнoт Бoжји, на слoвoтo Бoжјo. Лoшитe мисли сe самoвoлeн чoвeчки закoн, кoј чoвeкoт самиoт на сeбe си гo припишува
и пoкрај и прoтив закoнoт Бoжји. Акo ли, пак, чoвeкoт e цврстo рeшeн да сe придржува кoн закoнoт Бoжји, лoшитe мисли тoгаш сe нeмoќни какo сeнки штo брзo сe пoјавуваат...
На 23. мај (сабота), во 23:00 часот, во храмот на св. Стефан, во скопската населба Аеродром, ќе се отслужи сеноќно бдение со Божествената Литургија по повод празникот на светите рамноапостолни Кирил и Методиј.
Владимир Божинов: „Мислам дека нашиот христијански проблем е во тоа што не сме посветени на нашата основна задача, а тоа е очистувањето на срцето од страстите и просветлувањето на умот што се препознава по дарот на молитвата на срцето или како што вели св. Григориј Богослов (отприлика) очисти се, просветли се, научи се, омудри се себеси па потоа другите, цел преку која бескрајно повеќе ќе му помогневме на овој свет ако навистина го љубевме.
Во сабота состанокот започна со света Архиерејска Литургија со која чиноначалствуваше Неговото Високопреосвештенство Митрополитот Европски г.Пимен и сите свештеници од Европската Епархија.
Во присуство на скоро сите делегати од Европските Црковни општини се оддржа собранието кое оваа година беше изборно.
Во Неделата на Слепиот, кога Македонската православна црква- Охридска архиепископија, молитвено го прославува споменот на светата маченичка Пелагија Тарсиска , во храмот на свети пророк Илија, во скопската населба Аеродром,старешината на храмот, свештеникот Бранислав Стојанчов, во сослужение на свештеникот Златко Малинов, протоереј Зоран Стаменковиќ и ѓаконот Гоце Постолски отслужи Божествена Литургија. Во текот на Литургијата, се соединиа во брачна заедница Александар и Станка.
На 17.05.2015 година, во Неделата на Слепиот, во храмот „Пресвета Богородица“ – Гостивар, Митрополитот тетовско-гостиварски г. Јосиф, отслужи божествена литургија, на која што верниот народ се причести со Светите Христови Тајни. По литургијата Митрополитот го освети камен темелникот за нова трпезарија (Појата), во с. Вруток – Гостиварско.
Не би требало да испитуваме дали огорчувањето е праведно или е неправедно, од љубов или од злоба. Дали сме виновни или воопшто не сме. Но, духовната добивка што ни ја причинува секоја неправда треба да ја примаме радосно, да им бидеме благодарни на оние што ни нанесуваат неправда и постојано да Го славиме Бог.