проф. д-р Ѓоко Ѓорѓевски - „Духовната доктрина на Свети Климент Охридски“
А Божјата промисла е неиспитлива и чудни се Божјите патишта. Кој може да разбере зошто беше потребно да минат десетици години од Христовата проповед, распетие и воскресение, за да бидат вписмени четирите евангелија? Од друга страна, пак, познато е дека евангелската порака Христос и апостолите најнапред ја пренесоа на својот народ, а дури потоа и на останатите народи.