На 05 јуни 2017 година, денот во кој Црквата го прославува слегувањето на Светиот Дух врз апостолите (Света Троица) - Педесетница, Неговото блаженство Архиепископот охридски и македонски г.г. Стефан отслужи божествена литургија во соборната црква посветена на светиот Климент Охридски, во Скопје. По литургијата беше отслужена вечерна богослужба на која се прочитаа коленоприклоните молитви составени од светиот Василиј Велики.
Извор: Скопска епархија