Необични и малку познати факти за комплексот Свети Петнаесет во Струмица
Дали сте знаеле дека Струмица е најбогата со цркви, дури и повеќе од Охрид? Неоткриеното богатство сè уште не е доволно истражено, а тоа се наоѓа под самиот град, кој изобилува со најстарите храмови уште од самите мугри на христијанството.
Базиликата која е подигната над гробот на Светите Петанесет Тивериополски маченици е најстариот вид на христијански храм на Балканот.