Поука на денот (31.01.2016)
Се треба да се прави со стравопочит. Монахот треба да има тивок глас, и скромни постапки. Тој треба не само да врши туку и да говори со страв Божји, осмислувајки го секој збор пред да го каже.
(Преподобен Никон Оптински)
Се треба да се прави со стравопочит. Монахот треба да има тивок глас, и скромни постапки. Тој треба не само да врши туку и да говори со страв Божји, осмислувајки го секој збор пред да го каже.
(Преподобен Никон Оптински)
Како што пее и црковната песна, вечен им е споменот и бесмртен на оние кои секакви маки и страдања претрпеа во својот живот, но не поради свои причини, туку секогаш борејќи се за Вистината - за Христа. И по толку многу векови, Црквата не ги заборави Великите Атанасиј и Кирил, Александриските светила, кои и денес, со своите дела и животи, ни го осветлуваат патот кон вечниот и блажен живот.
На прашањeтo зoштo Бoг Син сe јавил на свeтoт вo чoвeчкo тeлo, а нe вo oблик на нeкoја друга твар, умниoт свeтитeл Атанасиј вака oдгoвара: “Акo прашуваат зoштo Oн нe сe јавил вo вид на нeкoја пoдoбра твар, на примeр, какo Сoнцe, или Мeсeчина, или ѕвeзди, или oган, или eтeр, туку тoкму какo чoвeк, нeка знаат дeка Гoспoд нe дoшoл да сe пoкажe Сeбeси,..
“Засакај гo смирeниeтo, тoа ќe ги пoкриe твoитe грeвoви. Ситe грeвoви Му сe нeпријатни на Бoга, нo најнeпријатeн oд ситe Му e гoрдoста на срцeтo... Нe смeтај сe сeбe си за учeн и мудар затoа штo ќe прoпаднe твoјoт труд и твoјoт брoд ќe дoплoви празeн дo брeгoт... Акo имаш гoлeма власт, нe заканувај сe никoму сo смрт: знај дeка, спoрeд прирoдата, и ти си пoдлoжeн на смртта,..
Оние што не примаат забелешки од луѓето што ги љубат, а им даваат значење на потсмевите на луѓето што размислуваат световно, сепак крајно остануваат “криви дрва”. Исто така, штиците што не го примаат стругањето од Дрводелецот за да станат мебел, па завршуваат во бетонот или во скалите и биваат газени и валкани со кал...
Кој нема сознание за својата грешност и се гордее, страда од две болести (духовни): краста и шуга. И колку и да сака да ги покрие своите рани и да се претстави достоинствен, сепак јадежот и го измачува и го издава преку чешањето.
Независниот статус на Атонската монашка република треба да биде сочуван,меѓу другото и од можни посегнувања од страна на Европската Унија, беше ставот на учесниците на конференцијата „Света Русија и Света Гора Атон. Традиција и современост“, организирана од страна на Фондот на Св. Василиј Велики во рамките на XXIV – то меѓународно Божикно образовно читање.
Зошто некои се бедни, а други живеат во богатство? Зошто нечесните се богатат, а благочестивите се сиромашни? Тогаш дошол глас до него, велејќи: Антониј! Внимавај на себе! Тоа се Божји судови и ти немаш полза од тоа да ги знаеш.
По повод Празникот на Лесновската Светиња – Свети Гаврил Лесновски, на 28. 01. 2016 година, Неговото Високопреосвештенство Митрополитот Брегалнички г. Иларион, во сослужение на Архимандритот на Лесновскиот манастир отец Дамаскин со браќата од манастирот, Игуменот отец Гаврил и свештеници од МПЦ - ОА, отслужи Света Архиерејска Литургија, одража содражајна беседа и го благослови и пресече празничниот леб.
Иконата – не е портрет, туку првообраз на идното храмовно човештво. И, така како што таквото човештво ние засега не го гледаме во сегашните грешни луѓе, туку само го исчекуваме, иконата може да послужи само како негово символично изображение. Што во тоа изображение означува истанчената телесност? Тоа е – остро изразено одрекување токму од оној биологизам, кој ја воздигнува наситената плот до највиша и безусловна заповед.
Но истовремено сфатија дека покајанието, скрушеноста, исповедта и молитвата на старецот беа доволни за да го оттргнат гревот и да ја „утврдат во срцето" на нивната посвоена ќерка промената и љубовта.
Го прославија Бога и му заблагодарија на старецот.
Љубoвта доаѓа во срцето постепено преку добрите дела. Кога ние на луѓето им правиме добри дела, тие престануваат да бидат рамнодушни кон нас, престануваат да бидат далечни кон нас, - тие ни стануваат блиски. И колку повеќе ги правиме тие добри дела, толку посилна е љубовта во нашето срце,...
Често, Христос доаѓа и тропа кај тебе. Ти го покануваш да влезе во твојата гостинска соба, но обземена од своите грижи, забораваш за великиот гостин. Тој чека да се појавиш, чека, но кога ти веќе многу ќе задоцниш, станува и си оди. Следниот пат, ти повторно си толку зафатена, што Му одговараш преку прозорот. Немаш време, дури ни врата да му отвориш.
Тихомир Јанчовски, Саша Шотаровски и „Децата од нашата улица“ ве покануваат да земете учество и во втората рунда од собирањето книги кои овој пат одат за формирање затворски библиотеки. Колку што разбравме, фондот на книги по затворите низ Македонија е од постар датум и недостигаат изданија од 90-те наваму.
На 27 jануари 2016 година, на одданието на Светото Богојавление, кога Црквата го слави споменот на светиот Сава, архиепископ Српски и светата Нина, рамноапостолна просветителка Грузиска, во манастирот на свети Ѓорѓи во Старо Нагоричане, митрополитот Кумановско-осоговски г. д-р Јосиф, во сослужение со митрополитот Тетовско-гостиварски г.Јосиф, и игуменот Гаврил, отслужи света Златоустова Литургија.
Болката ни помага да се преиспитаме кон што целиме во нашите животи и нѐ враќа кон нашето вистинско тежиште – Троичниот Бог.
Болката ни помага да ја восовршиме нашата љубов кон Бог, за да не Го љубиме заради даровите што ни ги дава (како што се здравјето и семејната среќа), туку заради тоа што Он е.
Затоа, синовите на светлината се повикани, сè повеќе да го осветуваат својот живот, за да ја распрострат таа светлина насекаде, како што вели Господ: “Оган дојдов да ставам на земјата, и колку би сакал да беше веќе пламнал!“ Тоа е огнот на Божествената љубов.
Во сабота, 30-ти јануари 2016, на денот во кој Црквата Христова го празнува таткото на православното монаштво свети Антониј Велики, ќе се служи Божествена Литургија во манастирот на свети Андреј, на Матка.
Во современото општество се забележуваат два тренда, гледано политички. Првиот е т.н. „теократија“, кога верскиот се поистоветува со политичкиот закон, и вториот тренд – либерализација, кога политичкиот закон е целосно ослободен, неповрзан со верскиот закон, дури и спротивен на него. Додека..
„Јас бев исто така присутна – говори Татјана Сергеевна Смирнова – бидејќи премногу го почитував покојниот баќушка и доаѓав и порано кај него во Кронштад. Во последно време ме болеше раката. Тоа беше некоја чудна болест. На десната рака, околу дланката, ми се појави некоја не многу голема црвена флека.