Арх.Софрониј Сахаров:КОЛЕБАЊА ВО ТРАГАЊЕТО ПО НЕПОКОЛЕБЛИВИОТ
Христијанскиот живот се гради од соединување на две волји: Божествената – вечно иста, и човечката – подложна на колебање. Бог Себе на човекот му се открива на најразлични патишта. Он не врши насилство врз човечката волја. Ако со љубов Го прифаќаме кога ни се приближува, Он често ќе ја посетува душата со кротоста и смирението Свое. Може да се случи, како што за тоа сведочи историјата на христијанската вера, Он на човекот да му се јави во велика Светлина. Душата, гледајќи Го Христос во Светлината на Неговата љубов, тежнее кон Него.