Јована Матевска Атанасова: Велосипедистот
Детето, веројатно имаше дваесеттина години, а според начинот на кој отсечно, грубо и школски паркираше, можеби и помалку. Зад автомобилот се построи велосипедист. Го познав по шапката, тоа беше чичко Томо, пријател на татко ми од старата маала. Сиромав и сирот, преживеа мозочен удар пред неколку години, но тоа не го спречи да продолжи со вообичаените активности, кои во неговата ситуација беа и неопходност.