Св. Јован Шангајски: Молитви за покој на умрените (26.05.2018)
Исклучително полезни за умрените се и парастосите, домашните молитви, и добрите дела во нивен спомен, како што е милостињата, жртвувањето за Црквата, но особено полезно е споменувањето на Божествената Литургија. Има многу сведоштва и настани кои што зборуваат за таа полза. Мнозина кои умреле со покајание, но не успеале да го покажат тоа во текот на животот, се ослободиле од маки и добиле успокојување.