Трет ден Божик- Божествена Литургија во параклисот на св.Стефан, Скопје
А ете, ние христијаните токму на Тој и Таков Цар Му се поклонуваме и веруваме дека воскреснал, им се јавил на учениците, се вознел на небото каде оддесно на Отецот седнал, па Духот Свети што од Оца исходи ни го пратил и ни ветил дека пак како Судија на сите ќе дојде. Ете, Нему светиот првомаченик и архиѓакон молитва Му принесува – да не им ги зема за грев камењата и навредите на загубените, туку прошка да им даде, согласно образецот што Самиот Господ од Крстот му го оставил.