Арх. Емилијан Симонопетриски: Современиот свет и радоста I дел
Но слава на Бога! Христос се распна, погреба, слезе во адот и адот го огорчи. Значи, влезе во таинствениот мрак, го зграби човекот и го изведе горе, па заради тоа велиме: „Стана од мртвите“. Потоа се вознесе и од тогаш сите ние знаеме, дека воскреснатиот Христос за сите нас подготвил светло и сјајно место и тоа, дури, од десно на Себе. Нè стави покрај Себе. Какво величество!