ОТЕЦ АЛЕКСАНДАР МЕЊ - ЛИЧНОСТА НА ИСУС ХРИСТОС
Божественото го надминува нашиот разум. Оној бог којшто човекот би можел да го разбере до крај не би бил бог, туку нешто што е еднакво на човек. Човекот може да разбере одделни елементи, одделни аспекти на божественото размислување, како и она што му е откриено но не повеќе. Да се претендира на сеопфатно познание е бесмислено, тоа, просто, е научно некоректно, затоа што дури ни природата не ни открила ни стоти дел од своите тајни. Како можеме да зборуваме за Оној, Кој стои зад таа природа?