Старец Паисиј Светогорец: Знак за покајание...
Знак за покајание е кога човекот смета дека ја заслужува секоја видлива и невидлива неволја што ќе му се случи, па дури и нешто потешко.
Знак за покајание е кога човекот смета дека ја заслужува секоја видлива и невидлива неволја што ќе му се случи, па дури и нешто потешко.
"За жал, во денешно време се множат зборовите и книгите, а се намалува опитот, зашто луѓето се под влијание на световниот дух, кој постојано се стреми кон леснотии и го одбегнува телесниот напор. Многумина од нас се успокојуваат преку многу читање, а малку или воопшто не творат. Имаме само восхит кон Светите атлети на нашата Црква,
Создателу на сѐ и Владико Христе Боже, на половината од Празникот кој беше пропишан со законот, Ти им говореше на оние што Те слушаа: Пријдете, и нацрпете од водата на бесмртноста! Затоа и ние Ти се поклонуваме и верно Ти викаме: Дарувај ни ги Твоите добрини, зашто Ти си Изворот на нашиот живот.
Во средината на четвртата недела, свечено се одбележува денот што паѓа на половината на периодот од Велигден до Педесетницата. Во тој ден Христос дојде да ги поучи луѓето на Својата спасителна мисија и на сите да им ја понуди водата на вечниот живот. Господ уште еднаш не потсетува на своето присуство и на даденото ветување: Кој е жеден нека дојде кај Мене и нека пие (Јн. 7, 37).
Сигурно во текот на оние 400 години постојано убивале, мачеле, но се јавиле и ликови на маченици кои го исполниле Рајот. И што друго? Сме се избавиле од вителот на средновековното западно Просветителство, зашто инаку не знам дали ќе успеевме да се запазиме како православни христијани. Да, 400 години ропство – измачувани, понижувани, толку многу жртви – но сме се запазиле. Тоа го велам за да се научиме да бидеме луѓе кои можат да се борат,
Да го фрлиме фенерот на Диоген, да се откажаме од потрагата по човек во темнината на овој свет и во сеопштата расчовеченост. Таа потрага за нас заврши во оној миг кога Бог и Отецот од преголема љубов кон нас го испрати Својот Единороден Син, Кој заради нас стана Човек, и затоа никој веќе неможе да ги изговори овие зборови на раслабениот: „Немам човек".
Искушенијата што Бог ги допушта, човекот го ставаат во искушение, така што тој самиот ја проверува својата духовна зрелост и бидува принуден да се смири. Потоа, Бог му дава благодат, откако смирено и радосно ги прима искушенијата, како лек за неговата душа и тој трпеливо Го слави Бог и Му благодари. Добро е што милостивиот Бог дозволува да бидеме искушани
Значи, откако ќе постигнеа една добра состојба на духовно здравје, преку добра духовна храна во пустината и преку будното следење на Отците, тие стануваа духовни крводарители. Во наше време, за жал, многумина од нас под влијание на световната љубов која нема духовно покритие, сакаат наводно да сторат добро, да даруваат крв, а таа е полна со духовни микроби, со што причинуваат поголема штета."
Знам дека вашето срце е вознемирено затоа што сте паднале во искушение, но поднесувајќи го храбро, ќе најдете радост. Затоа што ако вас ве нападне искушение, отворено или во тајност, не можете да појдете напред (во својот духовен напредок) преку мерата (која сте ја достигнале). Освен тоа, сите светители кога го молеле (Бога) нивната вера да се зголеми,
Остатокот од времето поминато надвор од молитва, на оние кои немаат непрестајна умно-срдечна молитва, Црквата им го покрива со послушанието. Оние кои го чистат своето срце од страстите, го слушаат својот духовен отец; а оние кои се во подвиг на просветлување на својот ум преку дарот на умно-срдечната молитва, се во соодветно прилагодено послушание кон Црквата, кон Епископот на локалната Црква, односно кон јасно познатата Божја Волја.
А Eфрeм Сирин пoучува: “ Учи сe да рабoтиш за да нe сe учиш да прoсиш”. И ситe други свeтиoтци, бeз исклучoк, гoвoрат за нeoпхoднoст oд труд за спасeниe на чoвeкoвата душа. Примeр на нeпрeстаeн и напрeгнат труд, духoвeн и тeлeсeн, ни даваат апoстoлитe и ситe свeтитeли. Дeка мрзливeцoт сo мрзeливoст нe гo прoдoлжува живoтoт на Зeмјата, туку гo скратува, јаснo e дoкажанo вo дoлгoвeчнoста на мнoгу свeтитeли,
Стравот Божји ни дава сила и смелост пред Бога и во Бога. Со истата таа сила апостолите, бестрашно и со цврста вера чекореа по разбрануваното море на овој свет и го пороповедаа Евангелието по сите краишта и мередијани. Со истата сила и ние им преодолеваме на стихиите и бедоносните бранови на животот, трудејќи се да Му бидеме верни на Христа и носејќи го својот крст да не потонеме во погубните длабочини на гревот и злобата.
Под фотографијата стоеше натписот: погледнете, кој сум јас? Така, човекот во ова модерно време, многу често комбинира повеќе свои божества. Заради тоа, луѓето се толку поделени, разбиени, недефинирани, изгубени, дволични и личат на древното римско божество со многу ликови. Во нивните умови и срца не се запишани законите Божји, туку ликовите и примерите на нивните смртни богови.
Оние што постојано се движат ненахално, со добри мисли, кажувајќи ги сите свои помисли на Старецот, при што со многу смирение веруваат дека не направиле ништо добро (додека се трудат со голема усрдност), тие ја кријат најголемата духовна ризница во себе, не знаејќи го тоа ни самите тие, ни другите луѓе. Така, богатството не се растура ниту од нив самите, ниту пак од другите може да биде украдено.
Апoстoлoт кoј гo пишува oва имал свeтска учeнoст, имал бoгатствo и пријатeли, имал
младoст и здравјe, ги имал ситe изглeди за свeтски успeси вo свoјoт нарoд.
Нo, тoј вeли: “Сè oставив!” Заради свoјoт Гoспoд Исус Христoс сè oставил.
Прeд свeтскитe мудрeци пoстанал какo нeразумeн, прeд бoгаташитe какo прoсјак,
„Како пролет ни засветли - светлото Господово и божествено воскресение, од земната кон небесната Пасха преведувајќи нѐ. Со неа, пак, ни сјае светлозарниот спомен на сеславниот маченик Георгија, што светло го извршуваме, за да се удостоиме за божествената благодат од Спасителот Христа“ (светилен на Утрена на св. вмч. Георгиј).
На 06.05.2020 година, кога Црквата го празнува споменот на светиот великомаченик Георгиј Победоносец (Ѓурѓовден), Неговото блаженство,
Архиепископот Охридски и Македонски г. г. Стефан,
отслужи Златоустова литургија манастирот посветен на светиот Георгиј во Кривидол.
Според легендата свети Прохор Пчињски се подвижувал во оваа мала пештера. Тој на византискиот војсководец Роман IV Диоген му претскажал дека ќе стане византиски цар.Роман IV Диоген набргу станал византиски цар (1068-1071), и во знак на благодарност кон видовитиот пустиножител, ја подигнал прекрасна трокорабна базилика во непосредна близина на неговата испосница, првата фаза од денешната црква на св.вмч.Ѓорѓиј.
„Градењето на храмови во коишто ќе се слави верата во Триединиот Бог, е богоугодно дело што заслужува пофалба во овој, но и во векот што доаѓа. Но, вистински светото градење на храмови започнува внатре во нас, во соградувањето на свештениот олтар на нашето срце.
Затоа, апостолот и ден денес нѐ прашува: „Не знаете ли дека сте вие храм Божји, и Духот Божји живее во вас?“6, потсетувајќи нѐ дека „Севишниот не живее во ракотворни храмови.“
Тогаш царот ја повика својата ќерка и нареди да ја накитат многу убаво. Жалеше и плачеше по неа заедно со домашните, но не можеше да ја погази одлуката, божем божествена, а всушност де-
монска, за принесување на децата како жртва. И тој ја даде својата ќерка како жртва на богот на адската бездна, а самиот набљудуваше сѐ од палатата. И ја одведоа девојката на одреденото место на брегот на езерото.