Големите дарови секогаш се проследени со големи испитанија, пред и после нивното примање. Тоа е така бидејќи добриот Бог го познава нашиот болен нарцисизам, нашата склоност да узурпираме сѐ за наша полза. Затоа, заедно со дарот и харизмата, го допушта и испитанието. На тој начин нѐ држи во смирение, за да не се возгордее нашиот ум и нѐ потсетува дека харизмата е дар а не индивидуално достигнување.
Православниот пат има поинаква перспектива. Бог е личност и нашиот однос е личен, директен и онтолошки. Не се спомнуваме за Него само еден ден во неделата со одредени молитви. Тој е мојот живот. Тој е мојот придружник. Тој е мојот татко. Откако прими плот, Тој ме разбира и јас зборувам со Него. Тој поставува пред мене царска трпеза и ме кани, мене бедниот, за да се принесе себеси.
Секој ден го храниме нашето тело дишејќи воздух, за да живее. На душата пак, и е потребен Господ и благодатта на Светиот Дух, без којашто таа е мртва. Како што сонцето ги огрева и ги разлистува полските цвеќиња, очекувајќи ги неговите зраци, така душата што Го љуби Бога, копнее по Него. Таа се ублажува во Него, и исполнувајќи се со радосност сака сите луѓе така да се чувствуваат. Господ заради тоа не создаде, за со Него вечно да живееме на небесата, љубејќи.
Приказните се една голема ризница и нѐ водат до големи вистини. Тоа го разбрав, кога за прв пат се поклонив на Иконата "Утешение" на Света Гора. До тој момент имав чувство, дека бајката е нешто лажно (παραμύθι), имагинарно, мит. Но, осознав дека од мит, може да стане утеха (παραμυθία). Приказната воспитува на така љубовен и топол начин, што во крајна линија станува
Јас чеда ќе заминам од овој живот. Познато ви е дека својот живот го поминав непорочно (без лукавство). И како од сите бев возљубен. И не заради високиот ми чин (достоинство, звание), туку поради добриот карактер. Никого не укорив, ниту некого навредив, ниту некого наклеветив, ниту некому му завидував.
Гордиот разум не може да се потпре на довербата во Бог, на смирението и на послушанието кон духовниот отец, т.е. не сака да расте, зрее и осознава во Бог и преку Бог, туку самиот од себе и преку себе, и затоа му се потребни нови и многу информации, како и знаења, на коишто единствено се потпира.
Христијаните живеат на земјата, но над сe è земно; меѓу луѓето, но над сè човечко; ограничени, но слободни; притеснети, но од ништо поробени; во светот немаат ништо, но сите богатсва се нивни; живеат двоен живот – едниот презирачки, а другиот грижлив; преку смртта се бесмртни; со откажување од нештата се соединети со Бога;
На Литургијата, во присуство на Неговото блаженство Архиепископот Охридски и Македонски г..г Стефан, чиноначалствуваше Митрополитот Повардарски г. Агатангел, во сослужение на Митрополитот Европски Пимен. Присутен на литургијата беше и Митрополитот Брегалнички г. Иларион.Потоа беше отслужена Панихида во манастирот „Свети Илија“ во Чардак, местото на вечното почивалиште на блаженоупокоениот Митрополит Горазд.
Денес, на 4 февруари, чествувајќи ја 149 годишнината од раѓањето на водачот и идеологот на македонската револуционерна борба Гоце Делчев, Архиепископот охридски и македонски г.г. Стефан во сослужување на свештеници од Скопската епархија отслужи Панихида пред неговиот гроб во дворот на црквата Свето Вознесение – Св. Спас на Кале.
Кој од оние што здраво размислуваат може да го пофали сојузот втемелен на лошото дело? Ако некој нѐ праша: што почитуваме и на што се поклонуваме? Одговорот би бил: ние ја почитуваме љубовта. Според зборовите на Светиот Дух, нашиот „Бог е љубов“. А што е значајно во законот и во пророците? И на ова евангелистот не дозволува да одговориме поразлично.
. Оној што искрено Го љуби Бога се моли нерасеано, а оној пак, кој се моли нерасеано искрено Го љуби Бога. Но, не може да се моли нерасеано оној, чијшто ум е приврзан за нешто земно. И така, оној чијшто ум е приврзан за нешто земно не Го љуби Бога.
2. Умот кој долго се занимава со некаков сетилен предмет, има страст кон него: похота, тага, гнев или
„Кога некој од браќата има негативни помисли, мораме внимателно, со љубов и смирение да се обидеме да го поправиме. Должни сме да го поправиме. Наместо да се обидат да ги исправат погрешните помисли, денес многу луѓе, вклучувајќи, за жал и некои од нашите духовни отци, се согласуваат со нив, па дури и ги уништуваат добрите помисли. Ќе ви посочам еден пример за да сфатите како постапуваат:
1. Љубовта е благо расположение на душата, во кое таа ништо од постоечкото не му го претпоставува на познанието на Бога. Но, оној кој е пристрасен кон нешто земно, не е возможно да се здобие со таква љубов.
2. Љубовта се раѓа од бестрастието, бестрастието од надежта во Бога, надежта од трпението и
Гноми постои и е поврзана со создадената ипостас, односно со човечката личност. Со овој термин се означува слободната падната волја на создадената ипостас – која, колебајќи се помеѓу доброто и злото, често се приклонува кон второто, го избира злото. Ипостаста, т.е. личноста на човекот, е таа што избира.