Четврти акатист кон Богородица во манастирот на св. Пантелејмон и Св. Климент Охридски - Плаошник
Во Крстопоклона недела во денот кога промислила Светата Црква, та речиси при самиот крај на секоја седмица од ова наше патување низ светата четириесетница, да разговараме со Пречистата Богородица и да го примаме нејзиниот благослов во манастирот на Плаошник, о. Љупчо Бакрачески и о. Александар Димоски принесоа Венец на пофалби кон Мајката Божја.