Неговото Блаженство, Американскиот Архиепископ Елпидофор, беше пречекан со многу ентузијазам, радост и љубов од страна на децата од кампот „Св. Павле“, сместен во живописната планина Беркшир во Конектикат. Кампот „Св. Павле“ веќе 15 години по ред е во подем и прима речиси 700 деца, во своите 5 летни смени годишно. Децата го пречекаа својот нов Арихиепископ со радосни извици а потоа и духовни пеења во храмот на кампот. Архиепископот беше пресреќен што имаше можност да го помине целиот ден со учесниците на летниот камп, во една така прекрасна природна средина, во хармонија со верата на православната Црква. Неговото Блаженство им го даде својот благослов на сите деца и ги израдува со мал симболичен подарок.
„Многу ме радува што сум овде во детскиот камп „Св. Павле“, кој е под духовно раководство на нашата Архиепископија „ изјави Архиепископот додавајќи дека: „овој камп им нуди можност на децата да се запознаат со учењето на нашата православна вера на еден траен и многу подлабок начин. Преку нивните активности, игри, дружби во природата, тие ја градат верата на еден за нив привлечен, но многу успешен начин.“
Кампот „Св. Павле“ е само еден од бројните успешни проекти на Архиепископијата, во нејзините напори да овозможи физичка рекреација и духовно образование за најмладите.
Извор: