Избор од богослужбите во Скопје (08 - 11.11.2016)


Пoдгoтвeнo срцe значи oчистeнo срцe oд гoрдoста и смирeнo прeд вeличиeтo на силата и мудрoста Бoжја. Пoдгoтвeнo срцe значи испразнeтo срцe oд ситe жeлби и свeтски мeчтаeња и испoлнeтo eдинствeнo сo стрeмeж кoн Бoга и љубoв кoн Бoга. Пoдгoтвeнo срцe значи излeкуванo oд ситe
нeспoкoјства, грижи и страв, и смирeнo и oхрабрeнo сo присуствo на благoдатта Бoжја.






Оној кој нема молитва чиста од помисли, нема оружје за одбрана. Зборувам за молитвата што постојано дејствува во внатрешноста на душата, за молитвата во која со повикување на Христос се поразува и се спалува непријателот кој тајно војува.




Вистината на земјата ја донесе Светиот Дух, кој ги исполни апостолите на денот на Педесетницата. Оттогаш тој престојува на земјата. Негови спроводители се устите на Божјите свештеници. Ако некој од нив ја затвори својата уста, патот кон вистината ќе се затвори кон верниците, чии што души го чекаат.


































