м-р Драги Костадиновски, протојереј ставрофор
„Мислам дека луѓето од своето постоење до денеска бараат одговор на прашањето „дали нивниот живот завршува со смртта и дали е тоа крајот за човекот“? Мислам дека одговорот на прашањето за бесмртноста на душата се докажува токму со настаните кои се случиле во времето на живеењето на нашиот спасител Господ Исус Христос овде на земјата, која тој доброволно пострада, доброволно беше положен во гроб, но исто така и на божествен начин ја победи смртта со тоа што повторно го врати животот, или премина од смртта во животот“, изјави м-р Драги Костадиновски, протојереј ставрофор.
„Христос ја победи смртта и постави нов почеток на животот, каде на сето човештво му вети, на овој начин му покажа дека навистина постои бесмртноста на душата и дека не е крај со живот. Затоа Воскресението Христово, христијанското верување и во христијанската вера е круна на сето евангелие Христово и доколку немаше воскресение, тогаш ќе немаше никаква цел, ниту евангелието ќе беше и прозван и проповед на Апостолите и на сите следбеници на Господ Исус Христос“, вели Костадиновски.