логоFacebook  Twitter  YouTube  eMail

Кожувчанка

Молитви за лекување и исцелување

Господи, Ти си Извор на Животот. Испрати ми ја животворната сила на Духот да ми го излекува умот, душата, волјата и телото. Дарувај ми исцеление од сите психички и физички слабости и страдања. Дарувај ми здравје, сила и живот, младост и убавина и да се развијат во мене благодатните дарови и способности да можам да живеам, да се учам и да Ти служам.

Господи, помогни ми во овој тежок час да се ослободам од болеста за да Ти служам со радост. Сакам да го посветам животот во служба на Твојата Љубов, на исполнувањето на Твојата Волја.

Повеќе...

Беседа на Архиепископот охридски и македонски г.г. Стефан, одржана на Вечерната богослужба во манастирот „Свети Климент и Пантелејмон“, Плаошник, на 08. 08. 2016 лето Господово.

 

На ова место, пред 1100 години, се упокоил во Господа славниот просветител, учител, архиереј охридски и чудотворец – свети Климент. На денешен ден, пред 1100 години, тој престанал да управува со доверената му епархија, престанал да биде пастир на возљубеното му стадо и да богослужи во Охрид и на Плаошник, во храмов што самиот го изградил. На денешен ден, тој престанал и да воведува и упатува во смислата на буквите и словата, да објаснува за значењето и потребата од писанијата и книгите, престанал да им ги открива тајните на овоштарите и полјоделците, и на сите коишто имале потреба од неговата помош, а без него останале и оние на кои им бил незаменлива утеха.        

    И, еве, 1100 години – цел еден милениум и уште полн еден век нѐ делат од денот на неговото упокојување. А се чини како свети Климент и никогаш да не нѐ напуштил, зашто постојано е присутен – и во молитвата, и во јазикот, и во писмото – присутен во животот на луѓето и народите на кои им служел. Таков бил свети Климент кој за свој пример, во сите свои дејности, ги имал своите учители, светите браќа Кирил и Методиј. Впрочем, тој продолжил таму каде што тие застанале, го надградил тоа што тие го граделе, го намножил тоа што тие го оставиле... 

 А светите Кирил и Методиј го направија токму тоа – на многу народи им Го доближија Христа Бога на разбирлив јазик, вечната спасителна вистина ја преведоа и запишаа на дотогаш непостоечки писмен јазик. Нивната мисија стана дел од благородниот процес кога секој народ, во сопствената култура и на сопствениот јазик ќе ја прифати објавената порака на Евангелието и изразот на вечните вистини.

Така светите рамноапостоли станаа и останаа врската меѓу народите, меѓу културите, традициите... Тие се спојката меѓу Истокот и Западот, продолжувајќи го библискиот и апостолски начин на пренесување на Евангелието, кога различните култури и јазици се прифаќаат, без да ги изгубат своите посебности. Сето тоа има своја основа во Павловата порака дека нема веќе ни Јудејци, ни Елини, ни роб, ни слободен.... зашто сите се едно во Христа (Гал. 3, 28). Токму овие Павлови зборови ги охрабриле светите браќа да тргнат во Моравската мисија, да благовестат, а кога требаше – своето дело и да го бранат од противниците на вистината, правото и слободата.

Таквиот приод кон просветителската дејност на светите Браќа, стана аманет што се пренесе и во делото на нивните ученици, кои го правеа токму она што го примија од своите учители. Со својот рамноапостолски дух, осмислен во Христа, светите Климент и Наум и другите со нив (Сава, Горазд и Ангелариј) ревносно ја применија пораката да се помнат своите учители и проповедници на Словото Божјо (сп. Евр. 13, 8), и беспоштедно да се брани и продолжи нивното дело. Доаѓајќи на овие простори, овие наши рамноапостоли  верно ја продолжија мисијата на своите учители, останувајќи доследни на она што го научија од нив. Верни на своите учители, тие го негувале и унапредиле глаголското и кирилското писмо, оставајќи траги од нив со разните ракописи, кои и до ден денес сведочат за тие славни времиња.  Во ова 2016 лето Господово, сеќавајќи се на свети Климент  и неговото дело и по 1100 години од неговото упокојување, тој останува пример за архиереј – кој несебично се вложувал и застапувал за довереното стадо и Црквата, пример за проповедник – кој неуморно, на разбирлив јазик ја објаснувал и пренесувал Божјата вистина, пример за учител – кој секогаш бил подготвен да поучува и воспитува, пример за книжевник и проповедник на говорниот јазик... Доследен во сѐ на своите учители, тој ни оставил и нѐ заветил многу како народ и Црква. Затоа – може ли да има позначајна личност за нас – и во историјата, но и во сегашноста?! Зашто тој не ни е само учител и просветител, туку е повеќе од тоа. Токму тоа е и примарното во личноста на свети Климент, и тоа ги осмислува сите негови напори и залагања, сета негова мисија – преку која тој, како духовен татко, го утврди нашиот народ во евангелската вистина.

Неговото историско и цивилизациско значење, го надминува опфатот на националното и границите на припаѓањето. Свети Климент е историска личност и треба да биде прифатен според неговото животно и евангелско начело, според кое сите луѓе сме еднакви во Бога. Затоа, свети Климент е дел од историјата на многу народи, тој е сечиј, но истовремено и ничиј; како и сите светии, тој им припаѓа најмногу на оние коишто го почитуваат. Затоа, во свети Климент да гледаме обединител, а не разделител, зашто целосно и беспоштедно се вложувал за сите подеднакво, гледајќи во секој човек свој брат, и во народите – браќа меѓу себе. Тој проповедал и поучувал меѓу луѓето, не гледајќи на различноста, туку се трудел за духовното и спасоносното за сите. Создавал за Бога и за потребите на народот, па затоа го основал и Охридскиот книжевен центар, кој станал духовен расадник, каде што се обучувале кадари за потребите на народот и Црквата. Нему најважна од сѐ му била духовната наобразба и преобразба на народот, и по примерот на апостолот -  за секого бил сѐ, за сите да ги придобие и спаси (сп. I Кор. 9, 22). Затоа, делото на свети Климент е универзално, и не може да биде ничија сопственост, зашто тој единствено им припаѓа на Христа и на Црквата.

Свети Климент не го ограничил своето дело само на духовната просвета. Тој се грижел и за унапредувањето и подобрувањето на секојдневниот живот на своето паство. Бил постојано со својот народ, и затоа останал запаметен во народната меморија. Еве, и по единаесет столетија од неговото блажено упокојување, народот не го заборавил! – Не се заборава таков отец и учител, чија татковска љубов ја чувствуваме и денес, па затоа и му се молиме да се застапува за нашиот народ, земја и Црква, и за сите народи со добра волја.

Богати се народите кои во своето историско постоење имале личности како свети Климент Охридски. А милост пред Бога ќе имаат тие народи што ќе знаат како да ги почитуваат – следејќи ги нивните начела и дела! А големи дела се оние што ќе ги надживеат своите творци и како такви ќе се потврдат во времињата потоа. Делото на свети Климент не е само големо, туку е и вечно! А вечно е зашто, еве, вечно живее и има вечен спомен меѓу македонскиот и меѓу словенските народи. Впрочем, тој е богоугодникот што ни го доотвори патот кон Бога и ни покажа дека вечноста е темел на времето и дека вечното е основа на временото. Свети Климент ја воспостави вечната смисла и на македонскиот и на народите меѓу кои престојувал и меѓу оние коишто го почитуваат и го ползуваат неговото дело. И само народ со големи дела, пред Бога е голем народ! – Ретки се народите кои имаат таква личност, таков светител кој го определил и исполнил сето она што историјата на еден народ ја прави историја. Затоа, нашиот народ, во сето свое минато, свети Климента не го истакнувал само како просветител и архиереј, туку и како идеал за сите времиња.

Нека му е вечен споменот – и во земната и во небесната Црква! – Свети Клименте, моли се за сите нас! Амин!  

Архиепископ охридски и македонски   г.г. СТЕФАН

Извор: МПЦ-ОА



dobrotoljubie

Поуки од Светите Отци

dobrotoljubie

Духовност

Октомври 20, 2024
TviTER281

Монашки и свештенички семинар во митрополијата на Киншаса (06.09.2024 21:29)

Со Божја благодат и благослов на Неговата Светост Папата и Патријарх Александриски и на цела Африка г. Теодор II, во Митрополијата на Киншаса, во Конго, се одржаа семинари за монасите и свештениците.
Јуни 30, 2024
Avraamovo.GOSTOLJUBIE

Света Троица во Стариот Завет

„Секоја енергија која од Бога се простира на творевината и се именува со многу имиња, од Отецот излегува, низ Синот се протега, а во Духот Свет се совршува“ (Свети Григориј Ниски, „За тоа дека не смее да се говори за три Бога“). Вистината за постоењето на…

За нафората

HRISTOS.nafora
Нафората е осветен леб,кој бил принесен на жртвеникот и чија средина е извадена и…

Проскомидија

TVIT602
·Што е Проскомидија? Еретиците немаат Проскомидија. Проскомидијата е уводниот дел на…

Јован Дебарски Архиепископ Охридски (30 август/12 септември)

Сеп 13, 2021 Житија 3213
Овој свет и богоносен отец наш Јован Дебранин, Архиепископ Охридски и прв ктитор на…

Свети свештеномаченик Харалампиј

Фев 23, 2020 Житија 7698
ih3387
Секој човек со своето раѓање добива лично име по кое го препознаваат во текот на целиот…

Наука и Култура

Септември 25, 2024
Zivko.Grozdanoski3

Интервју со Живко Грозданоски: ДПМ може да дејствува гласно, сложно и независно

Ми се чини дека надворешните предизвици, како на пример отсуството на соработка со некои членови (на Управниот одбор) на ДПМ, некои обиди за саботажа итн. (сè се тоа нешта што веројатно секогаш ќе ги има); па сега слабиот рејтинг на ДПМ меѓу членството и во…
Август 29, 2024
TviTER231

„РАДОСТА НЕ ДОАЃА САМА, ТАА МОЖЕ ДА ЈА ЗАСЕНИ ТАГАТА“ Академик Ќулавкова добитничка на наградата „Браќа Миладиновци“ на СВП

Пред 35 години, август 1989-та, ми беше доделена првата награда за најдобра поетска книга на годината, напишана на македонски јазик, ‘Браќа Миладиновци’. Тоа беше мојата книга ‘Жедби’, со поднаслов ‘Престапни песни’. Во неа, во шест циклуси, опеав неколку…

По премиерата на новиот филм „The Walk“ во Њујорк на двојната кандидатка за Оскар - Тамара Котевска

Ное 14, 2023 Филм, Театар 2021
Tamara.Kotevska
Работејќи од нејзините разговори со Асил и другите деца бегалци, режисерката направи…

„ПОЕЗИЈА ОД МАКЕДОНИЈА“ и „Версвил“

Авг 19, 2023 Литература 2538
TVIT762
Реномираното меѓународно списание за поезија „Версвил“, својот најнов број во целост го…

Беседи

Жарко Ѓорѓиевски: Беседа,13. октомври 2024 година

Жарко Ѓорѓиевски: Беседа,13. октомври 2024 година

Како што постојат места на земјата на кои успева само еден вид растение и нема такви други места на кои истото растение би растело, така и во Црквата Христова постои...

 Aрхим. Георги Капсанис: ВО ЗНАК НА НАШАТА ЉУБОВ

Aрхим. Георги Капсанис: ВО ЗНАК НА НАШАТА ЉУБОВ

Незамисливо е да се биде христијанин без подвиг и крст. Оној што води лесен живот не може да се нарече христијанин. Некои луѓе отсекогаш верувале дека христијанин е оној кој...

Отец Александар Шмеман: Воздвижение на Чесниот Крст

Отец Александар Шмеман: Воздвижение на Чесниот Крст

Тоа бил празникот на христијанското царство, кое се родило под закрилата на Крстот, во денот кога царот Константин го видел Крстот над кој пишувало:: „Со ова ќе победиш…” Тоа е...

Митрополит Софрониј - ПРОПОВЕД ЗА РОЖДЕСТВО НА ПРЕСВЕТА БОГОРОДИЦА

Митрополит Софрониј - ПРОПОВЕД ЗА РОЖДЕСТВО НА ПРЕСВЕТА БОГОРОДИЦА

Во Ветената земја - Палестина, дадена на израилскиот народ од Бога, во планините на Галилеја се наоѓа градот Назарет. Во тоа време тој бил толку непознат и малку важен, што...

Свети Јован Крстител беше испратен од Бог да ги повика луѓето на покајание

Свети Јован Крстител беше испратен од Бог да ги повика луѓето на покајание

Самиот тој, со својот начин на живот, е олицетворение на покајанието. И нормално, не би ни можел да биде повикан од Бог да проповеда покајание ако целата негова сила не...

БОГОРОДИЦА

БОГОРОДИЦА

„Испитувајќи што му е најпотребно на молитвеникот за да беседи со Бог, по кој пат доаѓа молитвата, Богородица го пронаоѓа свештеното тихување..., оддалеченост од светот, заборав на сè земно и...

Св. Јован Кронштатски - Слово на денот на Успение на Пресвета Богородица

Св. Јован Кронштатски - Слово на денот на Успение на Пресвета Богородица

И колку славно било Нејзиното успение! Со каква светлина сјаело Нејзиното пречисто лице. Колку прекрасно, неописливо, неспоресливо благоухание извирало од нејзиното пречисто, приснодевствено тело, како што пишува св. Дионисиј Ареопагит,...

Свети Лука (Војно - Јасеницки): СЛОВО ЗА УСПЕНИЕТО НА ПРЕСВЕТА БОГОРОДИЦА

Свети Лука (Војно - Јасеницки): СЛОВО ЗА УСПЕНИЕТО НА ПРЕСВЕТА БОГОРОДИЦА

Многу е важно правилно да разбереме и да ги запомниме зборовите на тропарот на великиот празник на Успението на Пресвета Богородица: „... По Успението не си го оставила светот, Богородице...’’.Нејзината...

Архива: Беседа на Преображението на Господ и Бог и Спасителот наш, Исус Христос – Свети Григориј Палама

Архива: Беседа на Преображението на Господ и Бог и Спасителот наш, Исус Христос – Свети Григориј Палама

А и зошто Господ, пред почетокот на Преображението ги избира најглавните од апостолскиот лик и ги возведува со Себе на гората? Секако, за да им покаже нешто големо и таинствено....

« »

Сè што е соединето со Бог, спасено е

Whatever is united to God, it is saved

Православен календар (2)

 

22/12/2024 - недела

Божикен пост (на риба)

Зачнувањето на Света Ана; Св. Ана, мајката на Пророкот Самуил; Преп. Стефан Новосјаен; Св. Софрониј, архиепископ Кипарски;
Правила и одредби на Православната Црква за постот
Православен календар за овој месец - МПЦ

Кожувчанка

Молитви кон Пресвета Богородица за секој ден во седмицата

 Радувај се, Ти Која од ангелот ја прими радоста на добрата вест дека Бог Слово ќе прими тело од Тебе! Радувај се оти го носеше Создателот во Твојата утроба! Радувај се Ти Која го роди Бога во тело, Спасителот на светот! Повеќе...

Тропар

Тропар на св. Христови маченици Мина, Ермоген и Евграф 10 декември / 23 декември 2024

Тропар на св. Христови маченици Мина, Ермоген и Евграф 10 декември / 23 декември 2024

Велики сте вие Мино и Ермогене,кои лично Христово присуство вовашите страдања измоливте.Благодатта преку вас не само Евграфа туку и целото...

Тропар на светата Господова пророчица Ана мајка на Пророк Самоил 9 декември / 22 декември 2024

Тропар на светата Господова пророчица Ана мајка на Пророк Самоил 9 декември / 22 декември 2024

Се зарадува душата твоја во Господа,а таа радост по твоите молитви Христос ја пренесе на верните свои,о Ано смирена слугинко...

Тропар на светиот апостол Андреј Првоповикан 30 ноември / 13 декември 2024

Тропар на светиот апостол Андреј Првоповикан 30 ноември / 13 декември 2024

Како првоповикан меѓу апостолите,и брат на врховниот апостол,Андрее, моли го Владиката на сите,мир да ѝ подари на вселената,и на душите...

Духовната убавина на Богородица се пројавува и во моментот на Распнувањето на Нејзиниот Син

Тебе, Богородице поборнице – војвотко, ние слугите Твои, откако се избавивме од зло, Ти пееме победни и благодарствени песни. Ти имаш сила непобедна, од секакви опасности ослободи не за да Ти пееме : Радуј се, Невесто Неневесна! Повеќе...

Болестите според светоотечкото учење

Значи, не се надевај на лекарска вештина без благодат и не ја отфрлај своеволно, туку моли Го Бога да ја спознаеш причината за казната, а потоа моли за избавување од немоќта, трпејќи сечење, горење, горчливи лекови и сите лекарски казни Повеќе...

Свети Лука Симтерополски: Архиепископ и хирург

Едноставно е да се претпостави дека професорот – епископ, соединувајќи го во своите раце крстот и скалпелот, ги порази современиците токму со тоа необично соединување на двете разновидни сфери на активност.  Повеќе...

Духовни поуки: „Помоли се за мене“

Со Бога зборувај многу, а со луѓето малку; ако во Божјиот закон се подучуваш - ќе успееш и во едното и во другото. Повеќе...

Живот без стрес

Ако разбереме што се крие зад стресот, ако ја видиме лагата, која што се крие зад него, на крајот ќе увидиме дека не постои причина за да бидеме во стрес.. Повеќе...

Митрополит Струмички Наум - Да пораснеме барем до Стариот Завет

И не само што немаат туку се и очигледна пречка за влез во Царството Небесно, и пречка да се сфати и пренесе неговата идеја и порака. Повеќе...

Епископ Тихон Шевкунов: „НЕСВЕТИ, А СВЕТИ“

Несвети, а свети. Луѓе, кои навидум живееле во нашето секојдневие, се соочувале со проблемите со кои ние се судираме, боледувале од болести од кои ние боледуваме, често осудувани од околината, а сепак, не биле секојдневни. Луѓе, кои не се на иконите, но го предавале животот од иконите во сите нивни дела, зборови, мисли. Луѓе, за кои тишината прозборила дека се свети.  Повеќе...

ГОЛЕМАТА ТАЈНА НА ДИВЕЕВО - Кој ќе доживее, ќе види

Како дополнување на оваа тајна, еве што слушнав од устата на 84-годишната игуманија на манастирот Дивеево, Марија. Бев кај неа во почетокот на 1903 година веднаш по канонизирањето на преподобниот Серафим и заминувањето на царското семејство од Дивеево. Повеќе...

Арх. Калиник Мавролеон: Монологот БОЖЈИ

 

Те гледав кога се разбуди угрово. Чекав да ми кажеш два-три збора, да се заблагодариш за се што ти се случува, да побараш мое мислење за се што треба да правиш денес. Повеќе...

За Моето име

Поуки на грузискиот Старец Гаврил Ургебадзе за последните времиња

 

„Ѓаволот има 666 мрежи. Во времето на антихристот луѓето ќе очекуваат спасение од космосот. Тоа ќе биде и најголемата замка на ѓаволот: човештвот ќе бара помош од вонземјаните, не знаејќи дека тоа се, всушност. – демони.“ Повеќе...

Взбранной Воеводе победительная