„Порано исполнета со секакви блудни дејства, сега со покајание се покажа Христова невеста; ангелскиот живот подражавајќи го, со оружјето на крстот демоните ги погубува. Поради тоа се покажа невеста на Царството, Марие преславна“ (кондак на Утрена во Неделата од петта седмица од Великиот пост).
Благодатното патување низ светата четириесетница, не води пополека кон предворјето на невечерната светлина на Воскресението. Боговдахновените творби на светите отци, нивните песнопенија,молитвените стихови,не издигнуваат мисловно до небесните височини давајќи ни за момент да вкусиме од насладата на прекрасното соединување со небесниот хор на слуги Божји, како и Царицата Мајка а пред се соединување со самиот Христос Бог.
Бодриот јазик твој за учителство, одекнувајќи во ушите на срцата наши, душите на мрзливите ги крева и со твоите вдахновени зборови, се наоѓа скала која од земјата кон небото вознесува. Затоа Григорие, чудо на Тесалија, не престанувај да се молиш на Христа, оние што те почитуваат да ги просветли со Божествената светлина.
Спасителу, Кој со Твојата крв ги искупи луѓето, и со Твојата смрт нè избави од горчливата смрт, и со Твоето Воскресение ни даваш живот вечен, упокој ги, Господи, сите кои починале благочестиво, или во пустините, или во градовите, или во море, или на земја, или во секое место: цареви и свештеници, архијереи, монаси, искушеници, отци, браќа и сестри наши, од секоја возраст и род, и удостој ги за Твоето Царство небесно !