Од свети Јован Претеча можеме многу да научиме. Тој како голем молитвеник, нѐ учи да се молиме. Во него гледаме и исповедник кој не се уплашил од смртта и засведочил што е тоа грев и дека од него треба да се бега. Сведочел дека само добродетелта нѐ издигнува кон небесното царство, а гревот нѐ води во вечни маки. Затоа ние сме должни секогаш да си спомнуваме за овој човек, на кого му било дадено да ја стави својата рака на Творецот на вселената.
Денес, по повод 250-годишнината од раѓањето на игуменот Кирил Пејчиновиќ, надлежниот Митрополит Тетовско-гостиварски г. Јосиф во сослужение со Митрополитот Европски г. Пимен и викарниот Епископ г. Јаков Стобиски отслужи Божествена Литургија во главната манастирска црква „Свети Атанасиј“, во Лешочкиот манастир.
На 10.06.2021 година, во спомен на Вознесението Христово, настан што се случил 40 дена по Воскресението, Неговото Блаженство, Архиепископот Охридски и Македонски г.г. Стефан, во сослужение на свештенослужители, отслужи Божествена Литургија во храмот„Свето Вознесение“ во населбата Драчево. На Литургијата во ѓаконски чин беше ракоположен дипломираниот богослов Илија Петров.