Заупокоена Литургија во храмот на св.Петка, н. Црниче, Скопје (03.11.2018)
Oкoтo Бoжјo кoe сè глeда бдee над ситe луѓe и на чудeн начин ги ракoвoди вeрницитe кoн спасeниeтo. Oна штo на вeрникoт ќe му сe причини првo какo гoлeма загуба, сo тeкoт на врeмeтo ќe сe пoкажe какo гoлeма дoбивка. Случајoт на св. Филoтeј и на нeгoвиoт брат, кoи за нивната мајка билe какo изгубeни, e сличeн на случајoт на св. Ксeнoфoнт (26 јануари)


Љубовта на Црквата Божја сјае насекаде, го прегрнала и сегашниот век, се грижи за идните, а се простира и во минатите, сѐ до самиот почеток, до созданието Адамово. Иако не е од времето, таа ги опфаќа сите во времето, за и нив да ги направи вечни, приближувајќи ги до вечниот, насекаде присутниот, семудриот Бог, Творец и Дародавец на љубовта Божествена.
Во дваесетивтората недела по Педесетница, на празникот на Св. вмч. Артемиј; преп. Герасим Кефалониски
Пред сè, да обратиме внимание на фактот дека во оваа парабола Спасителот го потенцирал името на сиромвиот, кој се викал Лазар, додека, пак, богатиот е безимен, односно, неговото име никаде во параболата не се спомнува. Тоа има длабоко значење. Секој човек има име, кое е дадено од Бога. Тоа име во себе ја содржи целта на човечкото постоење и неговиот повик во себе да го ..
И така, ако сакаш да ја одржиш победата над страстите, пребивај во молитва и со содејство на Бога внатре во себе, слези во длабочината на срцето и таму проследи ги следниве три силни дивови: заборавноста, мрзеливоста и незнаењето. Тие се потпора на вознемирувањата на мислите, преку нив навлегуваат другите зли страсти, се враќаат, дејствуваат, живеат и крепат во душите на сластољубивите.

Вистината е чувството за Бога, коешто човекот го вкусува во себеси со чувството на сетилито на духовниот ум. Љубовта е плод на молитвата и таа со своето созерцание го возведува умот кон тоа ненаситно да ја посакува, кога умот без униние пребива во молитвата и човекот со умот, само во безмолвни помисли, се моли огнено и со жар.
Што е вистинско послушание сме сфатиле дури ако во отсуство на духовникот, замислувајќи го неговиот лик, мислиме дека тој е пред нас и одбегнуваме секаков разговор, или збор, или јадење, или сон, или што и да е друго коешто според нашето мислење би можело да му биде непријатно.

Овогодинешниот Јубилеен собор заврши на 07 октомври, во катедралниот храм „Св. Софија“ во Охрид, каде што се отслужи света архиерејска Литургија, на која чиноначалствуваше Митрополитот Скопски и Архиепископ Охридски и Македонски и на Јустинијана Прима г.г. Стефан, во сослужение на Митрополитите Тимотеј, Петар, Агатангел, Пимен, Иларион, Јосиф и Јосиф и епископот Климент,
Некогаш народите беа расеани поради дрскоста на градителите на кулата, а сега народите се исполнија со мудрост поради славното Богопознание. Таму Бог ги осуди безбожните поради нивниот грев, а овде Христос со Духот ги просветли рибарите.
Старецот: Љубовта ги содржи милоста и чинењето добро на ближниот, долготрпението и поднесувањето на сè што од него доаѓа. Имајќи ги овие својства, љубовта го скротува гневот кај оној што ја стекнал.
Ќе го благословувам Господа во секое време; похвала за Него секогаш има во мојата уста. Со Господа ќе се фали душата моја! Нека го чујат тоа кротките и нека се зарадуваат. Возвеличете Го Господа со мене, и заедно да го превознесуваме името Негово. Го побарав Господа, и Он ме чу и од сите опасности мои ме избави. Пристапете Му и ќе се просветите, и лицата ваши нема
„Токму и овој, како и сите Собори, ја има таа цел, да го покаже и потврди нашето единство. Таму каде што го нема, ако го нема, да го врати мирот и да ја посведочи на дело љубовта што треба да ги краси сите вистински Христови последователи и чеда на Македонската православна црква – Охридска архиепископија.“























