(27-28 април 2012 г.)
Во Марковиот манастир во скопска Маркова Сушица, во црквата посветена на „Св. вмч. Димитриј Солунски“, ноќта, петок кон сабота (27-28 април 2012 г.), на празникот на светите апостоли Аристарх, Пуд и Трофим, со почеток во 22:00 ч. се одслужи сеноќно бдение со Божествена Литургија. Бдението го предводеше отец Атанасиј Арсоски во сослужение на ѓакон Ѓоко Бурмузоски. Верниот народ се причести со Светите Христови Тајни. По бдението, сестра Илијана – игуменијата на Манастирот и отец Атанасиј ги подкрепија верните со благослов, чај, колачи и топли зборови.
Поминаа Великиот пост и велигденските празнувања. Се вративме на вообичаените активности. Верувам дека сите кои што го читаат ова сега бараат во себе некое зрнце вера повеќе по Велигденскиот подвиг и дека со надеж го очекуваат ветениот Спасител. Поседувањето на вакво сознание е и голема обврска истото како Радосна вест да се сведочи на блиските. Верувам дека ќе се сложиме дека на овој план имаме многу да работиме – свештенството но и мирјаните. Ни две недели не поминаа одкако наздравувавме на Победата над смтртта но да се подсетиме на нашите лица кога се соочуваме со разделбите од овој свет. Предалеку сме од пошироко сознание за: „ново раѓање“, „премин во прегратките на Создателот“ или дека тоа таму е толку убаво што „ни око не го видело, ни уво не го чуло, ни на човек на ум не му дошло“.
Се прашувам себеси – со што можам да помогнам да се помести нешто малку на овој план?
Одоговорот е блиску до коментарите на Калина за моите фотографии. Следен пат кога фотографираш иста сцена, помести се барем за десетина сантиметри и само гледај колку поразлична фотографија ќе направиш.
Ако во мојот живот не се поместувам барем малку од малку, ако тврдокорно се држам дека моите вредности се доволно добри; дека јас сум направил доволно, а сега некој друг треба да се промени; дека некој друг е виновен што моите молитви се безуспешни – тогаш тешко ќе можам да кажам дека со сопствениот живот сведочам за Радосната вест.
За Преминпортал
Ратислав Кардалев
Лето Господово 2012