Во пресрет на најторжествениот христијански празник - Рождеството Христово - Божик, Повардарската епархија го издаде четвртиот број на „Православна Светлина“.
Во рамките на четвртиот број на „Православна Светлина“ се обработени повеќе теми од нашата православна христијанска вера, а со посебен нагласок на празнувањето на Рождеството на нашиот Спасител, Господ Исус Христос, Божик.
И во овој број, како веќе востановена пракса, обработивме теми со кои би сакале да се обидеме да ги запознаеме верниците што подобро со традициите на црковниот живот, и со учењето на нашата Света Црква, и да придонесеме за што поголем интерес кај сите верници во Повардарската епархија, па и пошироко, за практикување на нашата православна христијанска вера.
Се надеваме дека со ова Божикно издание на „Православна Светлина“, ќе ја зголемиме радоста која ја обзема секоја православна христијанска душа во овој дел од годината, кога го празнуваме раѓањето на Богочовекот Христос, Спасителот на светот.
{moshits}