Скопје, 30 март 2012 год. - храм Рождество на Пресвета Богородица
КОНДАК 8
Откако го видовме надумното раѓање
да отстапиме од светот
и умот свој кон небесата да го воздигнеме.
Зашто затоа великиот Бог на земјата
како смирен Човек се јави,
сакајќи кон висините да ги привлече
оние што Му пеат:
Алилуја!
Како кандило светлоносно кое што на помрачените им се јави, Светата Дева ја гледаме: зашто оган невештествен палејќи, сите во мудрост Божествена ги води, со блесок умот го просветува и честена е со восклици вакви: Радувај се!
Од Акатистот на Пресвета Богородица
На 30 март 2012 година, во петтата недела од Великиот пост, кога Светата Црква го слави споменот на свети Алексиј човек Божји, во храмот Рождество на Пресвета Богородица, во Скопје, во присуство на многубројниот верен народ меѓу кој и сопругата на Претседателот на Република Македонија Ѓорге Иванов, г-ѓа Маја Иванова, се отслужи повечерие со канон и Акатист кон Пресвета Богородица.На певницата псалтите од Македонската Православна Богословија на Бога Му принесуваа псалмопеење. На крајот на вечерната богослужба беа благословени празничните петолебија.
Преминпортал
Лето Господово 2011
Друго:
АКАТИСТ КОН ПРЕСВЕТА БОГОРОДИЦА
„ Оваа свечена служба содржи 12 кондаци и 12 икоси. Кондакот е кратка песна која содржи пофалба за дневниот светител или ја кажува суштината на празникот. Икосот, пак е црковна песна со која се прославува некој светител или празничен настан, Во овој случај се прославува Мајката Божја, бидејќи овие пет акатисти се посветени токму на Неа.
Секој Кондак завршува со воспевот или пофалбата: Алилуја! кое во превод зпачи: ХВАЛЕТЕ ГО ГОСПОДА А секој Икос завршува со восклик или пофалба кон Пресвета Богородица со зборовите: Радуј се, Невесто неневесна!“