Матка, 30 март 2012 год.- Манастир Успение на Пресвета Богородица
Не давај да застрани срцето мое кон лукави зборови и да врши грешни дела. Да се исправи молитвата моја како кадило пред тебе, воздигнувањето на моите раце – жртва вечерна.
Псалм 140, 4; 140,
Колку голема радост за нас е тоа што Господ, не само што ни ги простува гревовите, но и Самиот Себеси ѝ се дава на душата да Го познае, кога таа се смирува. И најбедниот може да се смири и да Го познае Бога со Светиот Дух. Не се потребни ниту пари, ниту имоти, за да се познае Бог, туку само смирение. Господ се дава Себеси за бадијала, само заради милоста. Порано јас не го знаев тоа, а сега секој ден и час, секоја минута, јасно ја гледам милоста Божја. Господ дава мир дури и во сон, а без Бога нема мир во душата. На мнозина, заради гордоста на нивниот ум, Господ не им дава да Го познаат, а тие мислат дека многу знаат. И што им вреди нивното знаење, кога не Го знаат Господа, не ја знаат благодатта на Светиот Дух, не знаат како таа доаѓа и заради што се губи. Но да се смириме себеси, браќа, и Господ сè ќе ни покаже, како татко кој ги љуби своите деца и сè им покажува. (Свети Силуан Атонски )
На 30 март 2012 година, во петтата недела од Великиот пост, кога Светата Црква го слави споменот на свети Алексиј човек Божји и светиот маченик Марин, во манастирската црква посветена на Успение на Пресвета Богородица, во Матка, се ослужи Литургија на Претходноосветени Дарови. На Литургијата верен народ се причести со Светите Христови Тајни.
Преминпортал
Лето Господово 2012