Св. Теофан Затворник (Недела 4. недела) - МИСЛИ ЗА СЕКОЈ ДЕН ВО ГОДИНАТА (87)
Сабота
Телото и крвта неможат да го наследат царството Божјо (1.Kor.15, 50). Од тоа произлегува дека заради стекнување на царството Божјо, треба да се обестелести и обескрви, односно.да се утврди начинот на животот во кој како да не постојат тело и крв. Тоа се постигнува со совршено одрекување од телесните и крвни дела. А познати се делата на телото, кои се: прељуба, блуд, нечистота, бесрамност, идолопоклонство, магии, непријателства, кавги, омраза, гнев, инаетење, раздори, ереси, завист, убиства, пијанства, распуштеност, и слично на ова. Набројувајќи го сето ова, апостолот додава: Однапред ви велам, како што ви реков и порано, дека оние што го прават тоа, нема да го наследат царството Божјо (Галl.5,19-21). Кој има уши да чуе, нека чуе.
Св. Теофан Затворник - МИСЛИ ЗА СЕКОЈ ДЕН ВО ГОДИНАТА
Извор: СВЕТОСАВЉЕ