Како кандило светлоносно кое што на помрачените им се јави, Светата Дева ја гледаме: зашто оган невештествен палејќи, сите во мудрост Божествена ги води, со блесок умот го просветува и честена е со восклици вакви: Радувај се!
Од Акатистот на Пресвета Богородица
На 23 март 2012 година, во четвртата недела од Великиот пост, во манастирската црква на св.вмч Георгиј, во Криви Дол, во Скопје, се отслужи мало повечерие со канон и Акатист на Пресвета Богородица.На певницата псалтите од манастирдката црква на Бог Му принесуваа псалмопеење. На крајот на вечерната богослужба беа благословени празничните петолебија.
Преминпортал
Лето Господово 2012
Акатистна молебна служба
»Пофалба на Богородица«
Акатистот е прекрасна песна на пофалба и благочестива посветеност на Мајката на нашиот Господ испеана во 626 Лето Господово во Богородичната црква во Цариград, во чест и благодарност заради избавувањето и ослободувањето на Цариград од варварите.
Се пее во православни цркви во петок за време на првите пет недели на Великиот пост. Акатистот се состои од дваесет и четири строфи( 12 кондаци и 12 икоси) . Икос значи внимание или послушание
Акатистот( Молебната служба) е поделена во четири дела; по еден дел се пее секој петок од Постот (Пофалба), а во петокот од петтата седмица, Акатистот се пее во целина. Се нарекува Акатист, или неседален, зашто верниот народ од љубов, предаденост и благодарност на Пресветата Богородица, за чудата кои ги направила, стоел за време на пеењето на целата Химна.
http://www.youtube.com/watch?v=tnO2GU-B0Q8&feature=player_embedded
АКАТИСТ КОН ПРЕСВЕТА БОГОРОДИЦА
http://www.youtube.com/watch?v=tnO2GU-B0Q8&feature=player_embedded