Спаси ги, Господи, Твоите луѓе и благослови го Твоето наследство, победи на православните над противниците дарувај им, сохранувајќи го со Крстот Твој, Твојот народ.
Тропар
Денес е ден на поклонение на Чесниот Крст. Сега е положен пред нас и сјае со сјајот на Христовото Воскресение. Да пријдеме и да го целиваме со голема душевна радост.
Утрена, Крстопоклона Недела
Молитва:
Господи, дај ни, без обзир на потешкотиите, од срце да се отповикаме на молбите на оние на кои им е потребна помош, заради Името Твое. Да напредуваме во сè што е богоугодно, со Чесниот Крст Твој како наш светилник и со благодатта Твоја.
Читање од Светото Писмо:
Послание до Евреите 4, 14-5, 6
Свето Евангелие по Марко 8, 34-9, 1
Созерцание: ...И им рече Исус: »Кој сака да доаѓа со Мене, нека се одрече од себе, го земе својот крсти и нека тргне по Мене«.
Свето Евангелие по Марко 8, 37
Подготви: А.Л.
Преподобен Марко Подвижник
Аскет и чудотворец. Замонашен од својот учител Св. Јован Златоуст во четириесеттата година од животот, Марко помина уште шеесет години во Нитриската пустина во пост, молитва и пишување на духополезни книги. Целото Свето Писмо го знаеше наизуст. Беше многу милостив и плачеше над бедата на секое Божјо создание. Еднаш плачејќи Му се помоли на Бога за слепото малечко на една хиена и тоа прогледа. Од благодарност хиената мајка му донесе една овновска кожа. Но светителот ѝ забрани на хиената во иднина да ги коле овците на кутрите луѓе. Причест примаше од раце на ангели. Неговите беседи за духовниот закон, за покајанието, за трезвеноумието итн. спаѓаат во првокласната црковна книжевност, нив ги фалеше и возвишениот патријарх Фотиј.