МОЛИТВА НА СВЕТИ ЈОВАН ДАМАСКИН
Владико Човекољубив, ќе ми биде ли оваа постела гроб, или, ќе ја осветлиш мојата бедна душа со денот?
Ете, пред мене е гроб; ете, пред мене стои смрт!
Господи, се плашам од Твојот суд и бескрајните маки, а не престанувам да правам зло;
Тебе, Господи, мојот Бог, секогаш Те разгневувам и Твојата Пречиста Мајка, и сите небесни сили и мојот свет ангел чувар.
Знам, дека сум недостоен за Твоето човекољубие, туку достоен за секаква осуда и мака.
Но, Господи, сакал јас или не, спаси ме.
Зашто ако го спасиш праведникот, тоа не е ништо особено; и ако чистиот го помилуваш тоа не е ништо чудно, бидејќи се достојни за Твојата милост.
Но, врз мене грешниот направи чудо според своето човекољубие, за да не ја надвладее мојата грешност Твојата неискажлива добрина и милосрдие; и како што сакаш - така направи со мене.
МОЛИТВА ДЕСЕТТА НА СВЕТИ ЈОВАН ДАМАСКИН
Стојам пред дверите на Твојот храм, и не отстапувам од страшните помисли, но Ти Христе Боже, Кој си го оправдал митникот и си ја помилувал Хананејката, и си му ја отворила рајската врата на разбојникот, отвори ми го срцето на Твоето човекољубие, и прими ме мене, кој Ти приоѓам и се допирам до Тебе, како блудницата и крвоточивата. Зашто оваа допирајќи го крајот од Твојата риза, лесно доби исцелување, а онаа, држејќи ги Твоите пречисти нозе, стекна прошка на гревовите. А јас јадниот, кој се дрзнувам да го примам сето Твое Тело, да не бидам спален, туку прими ме како нив, и просвети ги сетилата на мојата душа, спалувајќи ги вините на мојот грев, по молитвите на Онаа Која чудесно Те родила и на небесните Сили, зашто си благословен низ вековите. Амин!