логоFacebook  Twitter  YouTube  eMail

Кожувчанка


001.jpg

На земјава нема ништо поголемо од љубовта на родителот за својата рожба. Оваа неизмерна пожртвувана љубов ги отвара прегратките за во нив да го прими, закрили, стопли и заштити од зло своето чедо. Хрането од оваа љубов, чедото ги прави првите чекори, напредува, учи да љуби и како да ги победува искушенијата од овој свет. Но доаѓа време кога младенците исполнети со благодарност, на своите пожртвувани родители ќе им возвратат за сета нивна грижа, љубов и поткрепа. За нас, духовните рожби на нашиот старец Партениј, тоа е денот кога го славиме споменот на преподобниот отец наш Партениј, епископот Лампсакиски. Зашто овој голем чудотворец, кој уште од рана младост ја придобил благодатта Божја и со својата силна молитва исцелувал болни, изгонувал демони, воскреснувал мртви, а со својата неизмерна ревност за Бога, подигал велелепни храмови, за слава на Неговото име, го удостои нашиот старец со своето молитвено застапништво пред Бога. И не случајно нашиот отец го носи неговото свето име. И тој, подобно на светиот, е избраник на Божјата благодат, која во него раѓа богати плодови, спасува души, устројува храмови. Затоа, сакајќи да го преточиме во зборови она што гореше во нашите срца, ние Бигорското братство и Раичкото сестринство, вдахновени од молитвите на неговите бројни духовни чеда, сложивме едно благодарствено слово, излеано од нашите души и принесено на нашиот старец со многу љубов:
„Дојдете, возљубени; дојдете, преподобни отци, браќа и сестри, богоповикано стадо на Отца, вие воплотени воини Христови! Дојдете, деца Божји, да ислушаме спасително, за душите ни, слово. Да слушнеме како татковски нѐ поучува великиот Павле: Ако имате и десетина илјади учители во Христа Исуса, - вели тој, - сепак немате многу татковци, бидејќи јас ве родив во Исуса Христа преку Евангелието. Затоа, ве молам, бидете мои подражаватели, како што сум јас на Христа! (1. Кор. 4, 15-16) Да побрзаме, возљубени, да ги сложиме овие апостолски зборови во тајната одаја на нашите срца и во смирение да принесеме плодови на евангелска послушност – таа мајка на добрoдетeлите. Со умилителни срца да Му заблагодариме на милостивиот Бог, Кој не сака никој да погине, ами сите да се спасат, што ни издигна пастир да нѐ напасува во божествените ливади, учител да нѐ учи на евангелските вистини, водач да нѐ води кон недогледните небесни височини, татко да нѐ љуби со љубов татковска, неовоземска. Да Му заблагодариме сега на Господа и прилежно да Му се помолиме за возљубениот старец наш Партениј, слугата Божји, чие срце од раната младост пламна со љубов Божја и за да го спечали најскапоцениот Бисер, со усрдност се оддаде сиот на изучување на Божествените писанија. А потоа, како трудољубива Христова пчела, прелета над полјаните на богоозарената Атонска Гора и таму собра за нас светоотечки цветови, апостолска роса и евангелски живот, и со небесен мед несебично ги засладува и храни нашите души. Затоа, денес, кога сјае светлозарниот спомен на преподобниот отец наш Партениј Лампсакиски; сега, кога си спомнуваме и за блаженото скончание на учителот наш Партениј Зографски, со радост да го прославиме именденот и на овој наш отец, истоимен со девственоста, мудриот градител на добродетелите во нашите души, писателот на евангелските слова во нашите срца, наставникот на нашето покајание, водачот кон спасението, примерот за оние што монахуваат, кој со своите пастирски вештини нѐ приведува кон Христа. Да не се покажеме мрзливи и неблагодарни за неговиот труд и подвиг за наше доброденствие, за неговите топли татковски и животворни зборови, за милосрдната негова нарав и љубезност, едноставност и трпеливост, за добрината на неговиот живот, што како тивка светлина ги осветлува нашите души, и со усрдност, низ солзи, да повикаме кон Спасителот: премилостив Христе, Боже наш, ние, недостојните и грешни Твои чеда, стадото Бигорско, смирено и прилежно Те молиме за работ Твој и отец наш Партениј; дај му духовна сила и благодат, та со чистотата на своето срце да ја чисти нечистотијата на нашите души, и нас, порочните, да нѐ принесува како непорочен дар на Бога, покажувајќи се како соработник на бестелесните духовни сили; зашто тоа, само тоа е вечен подвиг на слугите Божји; затоа, спомни си, Христе, за него во Царството Твое довека.

Возљубен наш старецу,  на многаја лета!“

01.jpg

 02.jpg03.jpg

04.jpg

07.jpg

 09.jpg

Преполното, пак, со љубов татковско срце, благословувајќи ја вечерната трпеза, одговори со благи и поучителни зборови и нѐ потсети уште еднаш на високото достоинство што како христијани го имаме пред Бога:

„Ви благодарам на вашето присуство, на вашата љубов, и ги просам вашите молитви за Господ да ни даде сила и понатаму да го извршуваме евангелското дело. Со љубов и трпение да го носиме крстот што Бог ни го дал. И да не заборавиме дека сите имаме едно свето име – а тоа е името христијанин. Па така, и оние што не носат име на светија, сепак имаат свето име, што треба да го оправдаат со својот богоугоден живот. Зашто секој што се крстил во името на Христа, го носи името христијанин. А да се носи тоа толку возвишено име е најголема чест. Ние треба да се трудиме да бидеме достојни на ова име што ни го дал  Бог. А што значи тоа име? Христијанин - тоа е човек кој треба да љуби, да им прави добри дела на ближните. Оние што утрово присуствуваа на светата богослужба го слушнаа неделното евангелие, посветено на Второто Христово доаѓање и Неговиот Страшен суд, кога Он ќе дојде да им суди на живите и мртвите од века. Значи, кога сите ќе се претставиме пред нашиот Спасител и Бог, Он ќе ги благослови сите оние што правеле добри дела во Негово име. Па ќе им рече: „Дојдете, благословени од Мојот Отец; наследете го царството, подготвено за вас од почетокот на светот; зашто, гладен бев и Ми дадовте да јадам; жеден бев и Ме напоивте, странец бев и Ме примивте; необлечен бев и Ме облековте; болен бев и Ме посетивте; во затвор бев и дојдовте кај Мене.  Вистина ви велам: доколку сте го направиле тоа за еден од овие Мои најмали браќа, за Мене сте го направиле“ (Мт. 25, 34-36, 40). Тие најмалите Негови слуги – тоа сме ние луѓето. Затоа, како христијани, ние треба да Го гледаме Христа во секој човек, кој е наш ближен, кој е наш брат. Да му помогнеме на секого кој ја бара нашата помош. Дури тогаш вистински ќе се наречеме христијани и достојно ќе го носиме христијанското име. Затоа, возљубени мои, да бидеме милосрдни. Спомнете си за мене, недостојниот, и молете го св. Партениј да се застапува пред милостивиот Бог за спасение на мојата душа“.

17.jpg

18.jpg

20.jpg
 
  23.jpg

24.jpg

25.jpg

Особено голема радост ни причини присуството на нашиот возљубен архиереј и духовен пастир на Дебарско-кичевската епархија, митрополит Тимотеј, кој, честитајќи му го именденот на нашиот старец, духовно нѐ поучи и за претстојниот посен подвиг на светата Четириесетница:
„Во името на Отецот и Синот и Светиот Дух!
Денеска се собравме на оваа света Литургија да му благодариме на Господа што нѐ подготвува и воведува во овие прекрасни посни денови кои ни претстојат и што нѐ удостои да бидеме заедничари на Неговите свети тајни. Ние се молиме да нѐ соедини со Својата света заедница и да нѐ направи учесници во царството небесно. По Неговата сила да го промени нашиот ум, нашето срце, нашата душа и да нѐ упати по Неговиот спасителен пат.
Деновите на претстојната света Четириесетница се денови на духовно и телесно воздржување, денови на духовно возрастување со силата и раката Господова. Прекрасни денови за очистување, преобразување, па така очистени и подготвени, да станеме учесници на светите Божји тајни, да Го примиме Христа во светата Причест и да станеме едно со Господа. Но, исто така, да се поврземе и помеѓу себе, едни со други. Бидејќи вистинската заедница на луѓето не се заснова само на телесни и крвни врски, како што мислат многумина на овој свет, туку нашето тело и крв се осветуваат и просветуваат со Телото и Крвта Христова и дури потоа, заедницата која ја имаме на земјава, т.е. телесната заедница, која е условена и со нашата природа и од нашето општење со други луѓе, станува жива, живоносна, вечна и непреодна. Таа се темели не само на човечката природа, туку и на светите тајни, на Божјите тајни, кои ги примаме како дар Божји, благодат Божја, Божја сила и Божја светлина. Само таа заедница е вистинска, само таа е бесмртна заедница, а секоја друга е распадлива, денес постои, утре ја нема. Таа заедница е нашата света Црква што Господ Исус Христос ја основал. Затоа се вели во Светот Писмо: И вратите на адот нема да ја надвладеат (Мт. 16, 18).
Целокупната историја на човечкиот род го посведочува и ќе ни го сведочи тоа до крајот на светот. Токму од Црквата и преку неа се раѓа непреодното Божјо царство и ни се отвора тајната на вечниот и неминлив живот, кој ни се дава тука, уште во овој живот. Затоа Црквата нѐ воспитува во страв Божји, за да се здобиеме со таа мудрост и преку овие пречисти денови на Велигденскиот пост што ни доаѓа, да се подготвиме за светите тајни и да постанеме заедничари на таа света заедница, за да можеме да ја предвкусиме тајната на непреодното царство Божјо. Да ја почувстуваме силата Христова во нашите срца, во нашите души и тогаш ќе можеме вистински да се поклониме на воскреснатиот Христос и ќе ја примиме онаа светлост од небото која осветува сѐ.
Од нашиот Создател и Промислител ни е даден голем дар Божји, но, исто така, и голема одговорност и призив за кој Бог не избрал помеѓу сите луѓе на оваа земја, правејќи нѐ токму нас, христијаните, носители на таа светлина, на таа божествена сила и божествено просветлување. Нам ни се дава да бидеме сведоци на живиот Бог и на Неговата љубов која го дарува целиот свет и одржува секое создание, но, во исто време, нѐ обврзува да ја сведочиме таа Божја љубов, откривајќи ја на овој свет. Затоа ние, како христијани, сме повикани да зрачиме со Христова љубов пред сите луѓе околу нас, како што се вели во Светото писмо: „Така да засветли Твојата светлина пред луѓето за да ги видат твоите добри дела и да Го прослават нашиот Отец Кој е на небесата“ (Мт.5,16).
Тоа е смислата на Божјата Црква и на секоја Божја служба, но и смислата на нашиот призив. Нека Бог и нас нѐ облече со сила и моќ од небесните висини да нѐ обнови со таа Негова сила, за во нас да се прослави Господ, како во Своите светии. Како што се прославил во многу Негови угодници, како што е и свети Партениј Лампсакиски, чиј спомен денеска го славиме. На Триедниот Бог, Кој така промислува за нас и за нашето спасение, нека Му е слава и благодарност сега и во сета вечност. Амин!
Ја користам оваа прилика на архимандритот и игумен на овој Манастир, отец Партениј да му го честитаме именденот и да му посакаме од Господа здравје и успех во неговата одговорна, духовна, раководна улога. Нека свети Партениј го закрилува и облагородува со неизмерна љубов кон Бога, кон своите духовни чеда и кон македонскиот и сиот христијански народ, та оваа наша македонска лавра да бележи уште поголеми успеси на духовен план, собирајќи и обновувајќи нови цркви во душите и срцата на нашиот народ. Нека послужи за украс на Македонската Православна Црква и нејзин просперитет, за прослава на севишниот Бог, а за спасение на неговата душа. На многаја и благаја лета високопреподобни оче Партение“.

26.jpg

 27.jpg 31.jpg

28.jpg

29.jpg

30.jpg

32.jpg

 

Повеќе: http://bigorski.mk/index.php?content_type=sluzhbi_bdenija&action=details&record_id=782#

 

 

 

 


dobrotoljubie

Поуки од Светите Отци

dobrotoljubie

Беседи

Која е таа цел?

Која е таа цел?

„За жал, постои незнаење кај луѓето што се надвор од Црквата, но и кај многумина што се во Црквата.Тие мислат дека целта на нашиот живот е, во најдобар случај, само...

Жарко Ѓорѓиевски: Беседа,13. октомври 2024 година

Жарко Ѓорѓиевски: Беседа,13. октомври 2024 година

Како што постојат места на земјата на кои успева само еден вид растение и нема такви други места на кои истото растение би растело, така и во Црквата Христова постои...

 Aрхим. Георги Капсанис: ВО ЗНАК НА НАШАТА ЉУБОВ

Aрхим. Георги Капсанис: ВО ЗНАК НА НАШАТА ЉУБОВ

Незамисливо е да се биде христијанин без подвиг и крст. Оној што води лесен живот не може да се нарече христијанин. Некои луѓе отсекогаш верувале дека христијанин е оној кој...

Отец Александар Шмеман: Воздвижение на Чесниот Крст

Отец Александар Шмеман: Воздвижение на Чесниот Крст

Тоа бил празникот на христијанското царство, кое се родило под закрилата на Крстот, во денот кога царот Константин го видел Крстот над кој пишувало:: „Со ова ќе победиш…” Тоа е...

Митрополит Софрониј - ПРОПОВЕД ЗА РОЖДЕСТВО НА ПРЕСВЕТА БОГОРОДИЦА

Митрополит Софрониј - ПРОПОВЕД ЗА РОЖДЕСТВО НА ПРЕСВЕТА БОГОРОДИЦА

Во Ветената земја - Палестина, дадена на израилскиот народ од Бога, во планините на Галилеја се наоѓа градот Назарет. Во тоа време тој бил толку непознат и малку важен, што...

Свети Јован Крстител беше испратен од Бог да ги повика луѓето на покајание

Свети Јован Крстител беше испратен од Бог да ги повика луѓето на покајание

Самиот тој, со својот начин на живот, е олицетворение на покајанието. И нормално, не би ни можел да биде повикан од Бог да проповеда покајание ако целата негова сила не...

БОГОРОДИЦА

БОГОРОДИЦА

„Испитувајќи што му е најпотребно на молитвеникот за да беседи со Бог, по кој пат доаѓа молитвата, Богородица го пронаоѓа свештеното тихување..., оддалеченост од светот, заборав на сè земно и...

Св. Јован Кронштатски - Слово на денот на Успение на Пресвета Богородица

Св. Јован Кронштатски - Слово на денот на Успение на Пресвета Богородица

И колку славно било Нејзиното успение! Со каква светлина сјаело Нејзиното пречисто лице. Колку прекрасно, неописливо, неспоресливо благоухание извирало од нејзиното пречисто, приснодевствено тело, како што пишува св. Дионисиј Ареопагит,...

Свети Лука (Војно - Јасеницки): СЛОВО ЗА УСПЕНИЕТО НА ПРЕСВЕТА БОГОРОДИЦА

Свети Лука (Војно - Јасеницки): СЛОВО ЗА УСПЕНИЕТО НА ПРЕСВЕТА БОГОРОДИЦА

Многу е важно правилно да разбереме и да ги запомниме зборовите на тропарот на великиот празник на Успението на Пресвета Богородица: „... По Успението не си го оставила светот, Богородице...’’.Нејзината...

« »

Православен календар (2)

 

28/12/2024 - сабота

Божикен пост (пост на масло)

+Светиот свештеномаченик Елевтериј; Свети Стефан Исповедник Сурожски; Преподобен Павле во Латра; Преподобен Пард Отшелник;
Правила и одредби на Православната Црква за постот
Православен календар за овој месец - МПЦ

Кожувчанка

Молитви кон Пресвета Богородица за секој ден во седмицата

 Радувај се, Ти Која од ангелот ја прими радоста на добрата вест дека Бог Слово ќе прими тело од Тебе! Радувај се оти го носеше Создателот во Твојата утроба! Радувај се Ти Која го роди Бога во тело, Спасителот на светот! Повеќе...

Тропар

Тропар на светиот Христов свештеномаченик Елевтериј Илирски и неговата мајка Антија 15 декември / 28 декември 2024

Тропар на светиот Христов свештеномаченик Елевтериј Илирски и неговата мајка Антија 15 декември / 28 декември 2024

Глас 3Свети свештеномачениче Елевтерие,ти кој ѕверови скротуваше, со благодат Божја срца човечки лекуваше,Христос преку тебе луѓе во ангели приведе

Тропар на светите Христови маченици Тирс, Левкиј, Калиник, Филимон, Аполониј и други со нив 14 декември / 27 декември 2024

Тропар на светите Христови маченици Тирс, Левкиј, Калиник, Филимон, Аполониј и други со нив 14 декември / 27 декември 2024

Маченици свети Христови, вие кои со благодат Господова огнот во вас го скротивте,  а силата негова во ревност за Бога ја...

Тропар на св. Христови маченици Евстратиј, Авксентиј, Евгениј, Мардариј и Орест 13 декември / 26 декември 2024

Тропар на св. Христови маченици Евстратиј, Авксентиј, Евгениј, Мардариј и Орест 13 декември / 26 декември 2024

Низ оган злато поминува за да се очисти, о свети Евстратие, но огнот тебе не те допре, затоа што напоен од благодатта...

Духовната убавина на Богородица се пројавува и во моментот на Распнувањето на Нејзиниот Син

Тебе, Богородице поборнице – војвотко, ние слугите Твои, откако се избавивме од зло, Ти пееме победни и благодарствени песни. Ти имаш сила непобедна, од секакви опасности ослободи не за да Ти пееме : Радуј се, Невесто Неневесна! Повеќе...

Болестите според светоотечкото учење

Значи, не се надевај на лекарска вештина без благодат и не ја отфрлај своеволно, туку моли Го Бога да ја спознаеш причината за казната, а потоа моли за избавување од немоќта, трпејќи сечење, горење, горчливи лекови и сите лекарски казни Повеќе...

Свети Лука Симтерополски: Архиепископ и хирург

Едноставно е да се претпостави дека професорот – епископ, соединувајќи го во своите раце крстот и скалпелот, ги порази современиците токму со тоа необично соединување на двете разновидни сфери на активност.  Повеќе...

Духовни поуки: „Помоли се за мене“

Со Бога зборувај многу, а со луѓето малку; ако во Божјиот закон се подучуваш - ќе успееш и во едното и во другото. Повеќе...

Живот без стрес

Ако разбереме што се крие зад стресот, ако ја видиме лагата, која што се крие зад него, на крајот ќе увидиме дека не постои причина за да бидеме во стрес.. Повеќе...

Митрополит Струмички Наум - Да пораснеме барем до Стариот Завет

И не само што немаат туку се и очигледна пречка за влез во Царството Небесно, и пречка да се сфати и пренесе неговата идеја и порака. Повеќе...

Епископ Тихон Шевкунов: „НЕСВЕТИ, А СВЕТИ“

Несвети, а свети. Луѓе, кои навидум живееле во нашето секојдневие, се соочувале со проблемите со кои ние се судираме, боледувале од болести од кои ние боледуваме, често осудувани од околината, а сепак, не биле секојдневни. Луѓе, кои не се на иконите, но го предавале животот од иконите во сите нивни дела, зборови, мисли. Луѓе, за кои тишината прозборила дека се свети.  Повеќе...

ГОЛЕМАТА ТАЈНА НА ДИВЕЕВО - Кој ќе доживее, ќе види

Како дополнување на оваа тајна, еве што слушнав од устата на 84-годишната игуманија на манастирот Дивеево, Марија. Бев кај неа во почетокот на 1903 година веднаш по канонизирањето на преподобниот Серафим и заминувањето на царското семејство од Дивеево. Повеќе...

Арх. Калиник Мавролеон: Монологот БОЖЈИ

 

Те гледав кога се разбуди угрово. Чекав да ми кажеш два-три збора, да се заблагодариш за се што ти се случува, да побараш мое мислење за се што треба да правиш денес. Повеќе...

За Моето име

Поуки на грузискиот Старец Гаврил Ургебадзе за последните времиња

 

„Ѓаволот има 666 мрежи. Во времето на антихристот луѓето ќе очекуваат спасение од космосот. Тоа ќе биде и најголемата замка на ѓаволот: човештвот ќе бара помош од вонземјаните, не знаејќи дека тоа се, всушност. – демони.“ Повеќе...

Взбранной Воеводе победительная