с.Љубанци , февруари 2012 год.- Манастир на св. Никола
Оној кој сериозно го бара Царството Божјо мора да биде осамен
Патот на спасението, патот на Царството Божјо секогаш води преку Крстот
Сите заповеди се состојат во љубовта кон Бога и кон ближните
Земниот живот не ни е даден поради наслада, но поради спознание на себеси и на Бога
Секогаш сеќавај се на милосрдието Божјо, а потоа и на своите гревови
Како треба да се молиш и како треба да се каеш?
Седум пати на ден покај се и исто толку пати ќе добиеш проштевање
Господ на сите им заповедал да бидат подготвени во секое време за смртта
Претрпи, потруди се, бори се и не подавај му рака на ѓаволот
Со трпение, молитва, смирение и со благодарност кон Бога победувај ја душевната здодевност
„Пролеј ја својата крв и прими дух“ – општ закон за сите христијани
Завештение на игуменот Никон
Кој сака да Му пријде на Господа, да заслужи вечен живот, да биде Божји дом и да се удостои со Светиот Дух, тој, за да биде во беспрекорна состојба и да дава плодови по Божјите заповеди, мора да постави ваков почеток: прво, тој мора цврсто да поверува во Бога, целосно да се посвети на зборовите од Божјите заповеди, во сè да се одрече од светот за умот совршено да не биде зафатен со ништо видливо; второ, секогаш мора да пребива во молитва и да не очајува, постојано очекувајќи ја посетата и помошта од Бога и тоа во секое време да го има како цел на својот ум; трето, треба секогаш да се принудува себеси на секакво добро, кон исполнување на заповедите, иако срцето би се противело поради гревот кој е во нас – на пример, да се принудува на смиреномудрие, кроткост, милосрдие. (. Макариј Велики)
Со љубов во Христа,
сестринство од манастирот на св. Никола