Празник на Светотроиската Семинарија во Џорданвил
На 12 Фебруари, 2012, Светотроитската Семинарија во Џорданвил го прослави својот патронен празник, во чест на Светите Три Светители. Бдението и литургијата беа возглавени од Архиепископот Монтреалско- Канадски, Гаврил во сослужение на свештенството при Светотроитскиот манастир. За време на бдението некои химни се пеја на грчки со византиски распев.
По литургијата се одржа прием во Семинарската сала, каде Архиепископот Гаврил ги поздрави учениците и професорите со слово. Тој им препорача на семинаристите мудро да го користат времето за да научат многу нови и духовни работи. На истата церемонија беа доделени и стидендии.
По трпезата на љубовта хорот при оваа Семинарија настапи со неколку композиции. Исто така имаше настап во византиски химни под раководство на двајца македонски студенти.
По молитвите на свети Василиј Велики, свети Григориј Богослов и свети Јован Златоуст, Бог да не просвети за правилно да го учиме словото на Неговата вистина!
Радувајте се!
Светотроитска Семинарија,
Џорднвил, Њујорк
2012то лето Господово
Стојан Серафим Андов