Скопје 30 јануари 2012 г.- храм Рождество на Пресвета Богородица
Преподобен Антониј Велики
Иако на беше наобразуван, им беше советник и учител на најучените луѓе на неговото време, каков што беше Св. Атанасиј Велики. Кога некои елински филозофи го искушуваа со книжевна мудрост, Антониј ги засрами со прашањето: „Што е постаро: разумот или книгата? И кое од тие двете е причина за другото?“ Засрамени филозофите се разотидоа, зашто видоа дека самите имаат книжевно памтење без разум, наспроти разумот што го има Антониј. Тој е човек кој го достигна совршенството коешто воопшто може да биде достигнато на земјата. Тој е воспитувач на воспитувачите и учител на учителите; цели осумдесет и пет години се преобразуваше себеси, па само така имаше сила да ги преобразува и другите. Исполнет со многубројни години и добродетели, Свети Антониј се упокои во Господ во 335 година.
Во Скопје, на 30 јануари 2012 година, во Недела по Богојавление кога Светата Црква ги празнува преподобен Антониј Велики, светиот цар Теодосиј Велики, во храмот Рождеството на Пресвета Богородица, се отслужи Божествена Литургија . Верниот народ се причести со Светите Христови Тајни.
Преминпортал
Лето Господово 2012