логоFacebook  Twitter  YouTube  eMail

Кожувчанка


Dejan.sv.Gavril.jpg

 Сеноќно бдение во Марков манастир

Dejan.sv.Gavril.jpg

Dejan.sv.Gavril.jpg

Dejan.sv.Gavril.jpg

Dejan.sv.Gavril.jpg

Dejan.sv.Gavril.jpg

 Dejan.sv.Gavril.jpg

Dejan.sv.Gavril.jpg

Dejan.sv.Gavril.jpg

Dejan.sv.Gavril.jpg

Dejan.sv.Gavril.jpg

 Во Марковиот манастир „Св. вмч. Димитриј Солунски“, (Маркова Сушица), ноќта 27-28 јануари 2012 година, на празникот на преподобен Гаврил Лесновски  и преподобен Павле Тивејски, со почеток во 22:00 ч. се одслужи сеноќно бдение со Божествена Литургија. Со Бдението чиноначалствуваше отец Дејан Трајков во сослужение на ѓакон Ѓоко Бурлијазоски. Верниот  народ се причести со Светите Христови Тајни. По бдението, игуменијата на Манастирот с.Илијана и о.Дејан ги подкрепија верните со благослов, чај, колачи и топли зборови.

По молитвите на преподобниот Гаврил Лесновски, Господе Исусе Христе помилувај нè грешните.
Радувај се Лесновска Горо.

Dejan.sv.Gavril.jpg

+++

Укажувања од отец Дејан: Сведоци сме на фактот дека во современиот свет сè повеќе луѓе ја напуштаат верата, а атеизмот сè повеќе зема замав. Од тука важноста и одговорноста на христијаните да станат светло и сол на светот. Но и апел кон секој од нас поединечно да го живее евангелието секојдневно. Љубовта да ни е вистинска, искрена, чиста, неоскврнета, да ги љубиме блиските без лицемерие или користољубие. Само со таков подвиг на љубов кон себе (но онаа која мене ме води во спасение, види ап.Лука подолу) и љубов кон блискиот ќе дојдеме до Бога и ќе дадеме вистински плодови. Така на светот ќе му покажеме дека во Бога не веруваме од земски побуди или од традиција.

Подтик за ваков живот нека ни бидат и пораките од денешните четива за неопходните услови да се стане Христов ученик и заслужи живот вечен:

- да бидеме управувани од Духот, а не од похотите на човечката природа;  за така - да ги исполнуваме законот и вољата Христови.(Лука 14)

Неопходни услови да се стане ученик
„Така и ниеден од вас, кој нема да се откаже од сè што има, не може да биде Мој ученик.“

Неполезна сол
„Солта е добро нешто, но ако таа облутави, со што ќе се соли? Ниту на земјата, ниту на ѓубрето нема да му е потребна; па затоа ја фрлаат надвор. Кој има уши да слуша, нека чуе!”

А КАКО ТОА ДА ГО ПОСТИГНЕМЕ ВО СЕКОЈДНЕВНИОТ ЖИВОТ НÈ УЧИ АПОСТОЛ ПАВЛЕ:

(Галатјаните 5)

„Да се биде управуван од Духот, а не од похотите на човечката природа. Вие, браќа, повикани сте кон слобода; но слободата ваша да не ви служи како повод за угодување на телото, туку со љубов служете си еден на друг. Зашто, целиот Закон се извршува во еден збор, односно: сакај го ближниот како самиот себе.“

„Да не бараме лажна слава, еден друг да не се предизвикуваме, еден на друг да не си завидуваме. Браќа, и да падне човек во некаков грев, вие духовните поправајте го таков со духот на кротоста, пазејќи се и вие да не бидете искушани. Поднесувајте го товарот еден на друг и исполнувајте го така законот Христов.“

...

Dejan.sv.Gavril.jpg

И за крај или како почеток на практична примена на Словото, интересно попатно расудување во автомобилот упатен кон Марковиот Манастир. Расудување кое може многу да ни помогне во односите со некои од блиските – „атеистот интуитивно со умот многу добро знае за Бога но грешката му е во тоа што бара разумно објаснување“.
Во оваа смисла, за атеистот вистинска и одлучувачка помош е личниот пример на блиските христијани, а не разумни убедувања или, не дај Боже, принуда.

За Преминпортал:

Ратислав Кардалев


dobrotoljubie

Поуки од Светите Отци

Видео содржини

dobrotoljubie

Беседи

Старец Георгиј Капсанис - ЗНАЧЕЊЕТО НА БОЛКАТА ВО НАШИОТ ЖИВОТ

Старец Георгиј Капсанис - ЗНАЧЕЊЕТО НА БОЛКАТА ВО НАШИОТ ЖИВОТ

Во оваа нова состојба се чини дека смртта и болката имаат позитивно значење, како другата кожна облека со која Бог ги облекол Адам и Ева кога го напуштиле рајот за...

Вознесение во Христос или идолопоклоничко превознесување

Вознесение во Христос или идолопоклоничко превознесување

  Луѓето тежнеат кон правење идоли. Идол е сѐ она што човекот го става на прво место во своето срце, наместо Бог и наместо духовното растење во Бог. Луѓето сакаат...

Св. Климент Охридски: Поука на вознесение на Господ наш Исус Христос

Св. Климент Охридски: Поука на вознесение на Господ наш Исус Христос

Поради тоа, браќа, бидејќи нè очекува бесконечна мака, да се потрудиме преку подвиг да ја избегнеме, со милостина да го пречекаме бедниот и да го угостиме, примајќи го туѓинецот, гладниот...

 Митрополит Струмички Наум: Недела на слепородениот

Митрополит Струмички Наум: Недела на слепородениот

Се случија две средби помеѓу слепородениот и Христос: првата додека уште беше слеп; и втората, откако прогледа и откако Го оправда Христос пред фарисеите. И фарисеите двапати се сретнаа со...

Митрополит Струмички Наум: „Литургијата и на почетокот била Тајна Вечера, а не јавен доручек.“

Митрополит Струмички Наум: „Литургијата и на почетокот била Тајна Вечера, а не јавен доручек.“

       Така, како што веќе напишав: ниту почетокот, ниту крајот на начинот на служењето на Светата Литургија се и ќе бидат исти со денешниот – ниту некој Собор ја прогласил за...

Отец Гаврил-Беседа за Св.Методиј и Св.Кирил

Отец Гаврил-Беседа за Св.Методиј и Св.Кирил

Тогаш сфатил дека не треба да се врзува за ништо световно, и дека треба да живее единствено за Царството Небесно, односно за Бога. И навистина се оддал на богоугоден живот,...

Жарко Ѓорѓиевски: Свети апостоли Јасон и Сосинатар (Недела на раслабениот)

Жарко Ѓорѓиевски: Свети апостоли Јасон и Сосинатар (Недела на раслабениот)

Eвангелската приказна за исцелувањето на болниот човек кој поголемиот дел од својот живот беспомошно лежел покрај бањата која ја опишал светиот апостол и евангелист Јован е пример на чисто милосрдие...

Митрополит Струмички Наум: Христијанин без срце кое гори во молитва...

Митрополит Струмички Наум: Христијанин без срце кое гори во молитва...

Ако Божјите информации што доаѓаат од словото на духовниот отец, од Светото Писмо, од делата на Светите отци ги прифаќаме само на ниво на разум, без да ги прифатиме во...

« »

Најнови вести

Православен календар

 

08/06/2025 - недела

Слегување на Светиот Дух- Педесетница

Правила и одредби на Православната Црква за постот
Православен календар за овој месец - МПЦ

Кожувчанка

Молитви кон Пресвета Богородица за секој ден во седмицата

 Радувај се, Ти Која од ангелот ја прими радоста на добрата вест дека Бог Слово ќе прими тело од Тебе! Радувај се оти го носеше Создателот во Твојата утроба! Радувај се Ти Која го роди Бога во тело, Спасителот на светот! Повеќе...

Тропар

Тропар на ПЕДЕСЕТНИЦА (08.06.2025)

Тропар на ПЕДЕСЕТНИЦА (08.06.2025)

Благословен си, Христе Боже наш, Кој премудри ловците ги покажа,кога им го испрати Светиот Дух,и со нив ја улови вселената,...

Тропар: Трето наоѓање на главата на свети Јован Крстител  7 јуни/25 мај  2025

Тропар: Трето наоѓање на главата на свети Јован Крстител 7 јуни/25 мај 2025

Пророче и Претечо, Христос ни ја откри твојата глава како божествена ризница скриена  во земјата. Затоа, собрани сите во денот...

Тропар на преп. Христов столпник Симеон Дивногорец 6 јуни/24 мај 2025

Тропар на преп. Христов столпник Симеон Дивногорец 6 јуни/24 мај 2025

Помазаник на Божјата благодат, од утроба посветен на славословие Господово, Симеон стана огнен молитвеник од земјата до небото, цврста поткрепа во Бога имајќи,...

Духовната убавина на Богородица се пројавува и во моментот на Распнувањето на Нејзиниот Син

Тебе, Богородице поборнице – војвотко, ние слугите Твои, откако се избавивме од зло, Ти пееме победни и благодарствени песни. Ти имаш сила непобедна, од секакви опасности ослободи не за да Ти пееме : Радуј се, Невесто Неневесна! Повеќе...

Болестите според светоотечкото учење

Значи, не се надевај на лекарска вештина без благодат и не ја отфрлај своеволно, туку моли Го Бога да ја спознаеш причината за казната, а потоа моли за избавување од немоќта, трпејќи сечење, горење, горчливи лекови и сите лекарски казни Повеќе...

Свети Лука Симтерополски: Архиепископ и хирург

Едноставно е да се претпостави дека професорот – епископ, соединувајќи го во своите раце крстот и скалпелот, ги порази современиците токму со тоа необично соединување на двете разновидни сфери на активност.  Повеќе...

Духовни поуки: „Помоли се за мене“

Со Бога зборувај многу, а со луѓето малку; ако во Божјиот закон се подучуваш - ќе успееш и во едното и во другото. Повеќе...

Живот без стрес

Ако разбереме што се крие зад стресот, ако ја видиме лагата, која што се крие зад него, на крајот ќе увидиме дека не постои причина за да бидеме во стрес.. Повеќе...

Митрополит Струмички Наум - Да пораснеме барем до Стариот Завет

И не само што немаат туку се и очигледна пречка за влез во Царството Небесно, и пречка да се сфати и пренесе неговата идеја и порака. Повеќе...

Епископ Тихон Шевкунов: „НЕСВЕТИ, А СВЕТИ“

Несвети, а свети. Луѓе, кои навидум живееле во нашето секојдневие, се соочувале со проблемите со кои ние се судираме, боледувале од болести од кои ние боледуваме, често осудувани од околината, а сепак, не биле секојдневни. Луѓе, кои не се на иконите, но го предавале животот од иконите во сите нивни дела, зборови, мисли. Луѓе, за кои тишината прозборила дека се свети.  Повеќе...

ГОЛЕМАТА ТАЈНА НА ДИВЕЕВО - Кој ќе доживее, ќе види

Како дополнување на оваа тајна, еве што слушнав од устата на 84-годишната игуманија на манастирот Дивеево, Марија. Бев кај неа во почетокот на 1903 година веднаш по канонизирањето на преподобниот Серафим и заминувањето на царското семејство од Дивеево. Повеќе...

Арх. Калиник Мавролеон: Монологот БОЖЈИ

 

Те гледав кога се разбуди угрово. Чекав да ми кажеш два-три збора, да се заблагодариш за се што ти се случува, да побараш мое мислење за се што треба да правиш денес. Повеќе...

За Моето име

Поуки на грузискиот Старец Гаврил Ургебадзе за последните времиња

 

„Ѓаволот има 666 мрежи. Во времето на антихристот луѓето ќе очекуваат спасение од космосот. Тоа ќе биде и најголемата замка на ѓаволот: човештвот ќе бара помош од вонземјаните, не знаејќи дека тоа се, всушност. – демони.“ Повеќе...

Взбранной Воеводе победительная