На 25 јануари 2012 кога Светата Православна Црква го празнува споменот на светата маченичка Татијана, преподобната мајка Теодора и преподобна Теодора Александриска, во мастирската црква Св.Георгиј Победоносец во Скопје се отслужи Божествена Литургија. Со Литургијата чиноначалствуваше отец Горан Тасески во сослужение на ѓакон Игор Настоски.
Свето Евангелие од светиот апостол Матеј (зач. 8)
А кога чу Исус дека Јован е предаден, отиде во Галилеја; и кога го остави Назарет, дојде и се насели во Капернаум приморски, во пределите Завулонови и Нефталимови, за да се исполни реченото преку пророкот Исаија, кој вели: „Земјата Завулонова и земјата Нефталимова, на пат кон морето, отаде Јордан, е незнабожечка Галилеја. Народот, што седеше во мрак, виде голема светлина и на оние, што седеа во место на сенка смртна, им изгреа светлина.“ Оттогаш почна Исус да проповеда и да говори: „Покајте се, зашто се приближи царството небесно!“
Старец Паисиј Светогорец
Често, искушенијата самите си ги создаваме, кога сакаме да се издигнеме себеси над другите. На небото никој не се качува со световно качување, туку со духовно слегување. Кој оди ниско, секогаш оди сигурно и никогаш не паѓа. Оној што не се советува при својот духовен од, ги меша патиштата, многу се заморува и заостанува. Ако не се смири да праша, макар и подоцна, тешко ќе стигне до целта. Додека пак, оние што се советуваат го минат патот одморени, сигурни, просветлени од смирението и под закрилата на благодатта Божја.
Преминпортал
Лето Господово 2011