логоFacebook  Twitter  YouTube  eMail

Кожувчанка


01.jpg
Светол е празникот што помина – Христовото Рождество, но посветол и пославен е тој што настапува – Богојавление. Вдахоновени од ова празнично торжество, не можеме, а да не воскликнеме радосно како светиот наш патрон – Крстителот Господов Јован, бидејќи сега Христос се просветува и го отвара небото, за и ние да се просветиме со Него! Христос се крштева – да влеземе и ние со Него и со Него да излеземе! Сега Христос се јавува на светот и од овој ден започнува јавно да поучува, да твори чуда, и тргнува да пострада за родот човечки, проповедајќи и совршувајќи го нашето спасение. И сега, кога присуството на земниот цар, каде и да е, им носи задоволство на оние околу него, тогаш колку ли повеќе радост и веселие причинува присуството на небесниот Цар, слезен од небото на земјата!? Затоа, да се радуваме и торжествуваме ние, кои присуствуваме на Неговото јавување! Ако при изгревот на сонцето, сè се осветлува – при изгревот на Сонцето на правдата не ќе се просвети ли секоја душа!? Мислено да застанеме пред Јордан и да го видиме таинството, кое се извршува во него! „Морето виде и избега; Јордан се врати назад“ (Псал. 113, 3). Да го видиме Јован, кој го извршува крштението над Оној, Кој ги зема врз Себеси гревовите на светот. Јован се покорува и Го крштева Исус. Небесниот Цар смирено ја приклонува главата под десницата на Својот слуга; се поклонува Творецот пред Својата Творба! Да го видиме и Отецот, Кој одозгора сведочи за преславното снисхождение на Својот Син. Да го видиме и Духот Свет, Кој слегува во вид на гулаб и застанува врз Посведочениот. О преславни чудеса на преславниот Цар! Како трулежната рака, која се допрела до главата на целата вселена, не се обгорила? Кој видел и кој чул некогаш сено да се допре до оган и да не биде повредено од пламенот? Навистина блажена и триблажена е таа фиданка на Захариј и Елисавета!
Молитвено сплотени во Крстителовиот храм на нашата света Обител, монасите и монахињите, заедно со браќата и сестрите верници, уште од сеноќното бдение спроти Водокрст, започнаа да го славословат спасителното Христово Крштение. Чудесните умилителни стихири, сотворени од небозрачни светоотечки зборови, чиниш, умозрително нè претворија во сведоци на тој таинствен настан, кога Христос пошол во пустината, на реката Јордан, и смирено ја приклонил Својата глава пред Јована Крстител. Ова смирение Христово го отворило небото. Тогаш одозгора загрмел и гласот на Бога Отецот: „Овој е Мојот возљубен Син, во Кого е Мојата волја!“ И навистина, ова неовоземно сведоштво, како да одекна длабоко во нашите срца, погодени од непоимливата љубов Божја кон човекот.

02.jpg   

05.jpg

06.jpg

09.jpg
   

А за радоста да биде полна и нашите души збогатени со уште една спасоносна поука, нашиот драг гостин и возљубен владика, митрополит Дебарско – кичевски, г. Тимотеј, и овој пат не изостави да нè поучи со својата длабоко содржајна беседа за сотириолошкото значење на Христовото Крштение на Јордан, кога на светот му се објави Света Троица.

Така духовно напоени и исполнети со светлината на Христовото просветление, упативме срдечни благодарствени молитви кон премилостивиот наш Спасител, што луѓето од околните села сè уште ја чуваат незгасната верата во крстот Христов, вера што некогаш силно горела во срцата на нивните предци, на кои сите свои надежи, целата своја љубов и сè во животот воопшто, им било поврзано со крстот. Затоа, како симбол на таа нераскинлива врска, останал обичајот за врзување на крстовите на овој ден, што традиционално го прават кумовите на сите околни села. Но како што слабее верата, така овој обичај полека се претвора во само една формалност, губејќи ја својата суштина и постепено замира, па, еве, сè помалку се кумови, а верниците од с. Јанче веќе втора година го пропуштаат ова убаво предание, наследено од предците. Затоа наша искрена желба е одново да се распламти огнот на верата во срцата на нашиот верен народ од околината и во целата татковина, бидејќи во спротивно ќе исчезнат сите древни православни обичаи, кои ја градат нашата самобитност. 

07.jpg

08.jpg

03.jpg

04.jpg

10.jpg

   
Следниот ден, како и секоја година, требаше со потопувањето на крстот да се излее благословот на осветувањето во водите на Радика, а преку нив и на сета твар. Зашто, потопувајќи се во Јордан, Христос ги освети не само неговите води, туку и целата природа на водата, како што пее Црквата: „Христос се јави на Јордан за да ги освети водите“, или „денес се осветува природата на водите“. Со тоа Христос ја освети сета твар, целата вселена, како да ја подготви природата за плодот од жртвата што дојде да ја принесе. Како што Бог преку водата ги казни гревовите на првиот свет, сега Он ги спасува со вода луѓето преку тајната на крштението.

11.jpg

12.jpg

   Тоа студено зимско утро по светата Златоустова Литургија, како студот да не им можеше ништо на бројните насобрани верници од сите краишта на нашата земја, кои со голема радост и пеење на Богојавленскиот тропар, во литија, носејќи икони, се упатија од с. Ростуше до мостот на р. Радика, од каде што традиционално се осветуваат нејзините води. Додека во воздухот одекнуваа свечените стихови од прекрасните тропари на Богојавленскиот водосвет, проследен со молитвениот призив на нашиот старец Партениј, светиот крст ги допре водите на Радика, и ги очисти, како што некогаш Господ ги освети Јорданските води.

13.jpg 14.jpg

16.jpg

15.jpg

      Неискажливата Богојавленска благодат, која блесна така силно како Сонцето што ги осветлуваше водите на Радика, го допре срцето на нашиот старец и од него се излеа умилително слово, што ги возвиси нашите души:„Приклонете го слухот, возљубени, и ќе ви раскажам за денешното торжество! Ете, денес се крштева Исус! Денес е денот на просвештението! Крштението Христово, како почеток на нашето просветление, е јавување на Христа на светот и откривање на Света Троица на луѓето. Зашто јавувањето на Троица беше на Јордан. Додека Христос од Јован се крштеваше, Отецот со гласот сведочеше, а Светиот Дух во вид на гулаб слегуваше!Јован Претечата бил пратен од Бога, за на овој голем ден, да Му послужи на Христа и да го подготви патот Негов. „Еве Го Јагнето Божјо, Кое ги зема на Себе гревовите на светот“  - победоносно објавил тој. И навистина, потопувајќи се во Јорданските води, Спасителот Христос ја уништил главата на змијата, како што се пее во црковните песни, главата на онаа змија што ги измамила Адама и Ева, но која била победена со смирението Исусово. Им открил на луѓето дека Бог е Троица, ја осветил водата, а заедно со неа и сето создание го подготвил за прифаќање на простувањето и за нераспадливост. Така ни оставил дар, преку крштевањето да ни се простуваат гревовите. Крштението Јованово било само знак на покајание. Христијанскто крштение, пак,  е ново раѓање, раѓање од вода и Дух, простување на сите гревови.Блажени сме ние, кои Го гледаме Единородниот Син Божји, Кој е Светлината на светот, која го распрснува мракот на ноќта – делата на темнината. Блажени сме ние, кога ги гледаме нашите телесни рожби и духовно да изгреваат од светиот купел на крштението, подобно на ѕвездите небесни, и наполно да се приопштат кон Мајката Црква. О, Оче, и Сине, и Свети Духу, Троице едносуштна, неразделна и неслеана, Која денес му се јавуваш на светот, удостој нè да застанеме од десната страна, кога ќе настапи страшниот и праведен суд на целата вселена и да ги слушнеме најпосакуваните слова: Дојдете, благословени од Мојот Отец; наследете го царството, подготвено за вас од почетокот на светот. Амин!“А оној, којшто според Божјата промисла, се удостои да го фати крстот, битолчанецот Кире Кечеџи, покрај благословот од Бога, беше израдуван и со пригоден подарок од градоначалникот на општина Ростуше, г. Мукрем Мехмеди.

 17.jpg

19.jpg

  20.jpg

21.jpg

 23.jpg

Извор: Бигорски манастир 


dobrotoljubie

Поуки од Светите Отци

dobrotoljubie

Беседи

Жарко Ѓорѓиевски: Беседа,13. октомври 2024 година

Жарко Ѓорѓиевски: Беседа,13. октомври 2024 година

Како што постојат места на земјата на кои успева само еден вид растение и нема такви други места на кои истото растение би растело, така и во Црквата Христова постои...

 Aрхим. Георги Капсанис: ВО ЗНАК НА НАШАТА ЉУБОВ

Aрхим. Георги Капсанис: ВО ЗНАК НА НАШАТА ЉУБОВ

Незамисливо е да се биде христијанин без подвиг и крст. Оној што води лесен живот не може да се нарече христијанин. Некои луѓе отсекогаш верувале дека христијанин е оној кој...

Отец Александар Шмеман: Воздвижение на Чесниот Крст

Отец Александар Шмеман: Воздвижение на Чесниот Крст

Тоа бил празникот на христијанското царство, кое се родило под закрилата на Крстот, во денот кога царот Константин го видел Крстот над кој пишувало:: „Со ова ќе победиш…” Тоа е...

Митрополит Софрониј - ПРОПОВЕД ЗА РОЖДЕСТВО НА ПРЕСВЕТА БОГОРОДИЦА

Митрополит Софрониј - ПРОПОВЕД ЗА РОЖДЕСТВО НА ПРЕСВЕТА БОГОРОДИЦА

Во Ветената земја - Палестина, дадена на израилскиот народ од Бога, во планините на Галилеја се наоѓа градот Назарет. Во тоа време тој бил толку непознат и малку важен, што...

Свети Јован Крстител беше испратен од Бог да ги повика луѓето на покајание

Свети Јован Крстител беше испратен од Бог да ги повика луѓето на покајание

Самиот тој, со својот начин на живот, е олицетворение на покајанието. И нормално, не би ни можел да биде повикан од Бог да проповеда покајание ако целата негова сила не...

БОГОРОДИЦА

БОГОРОДИЦА

„Испитувајќи што му е најпотребно на молитвеникот за да беседи со Бог, по кој пат доаѓа молитвата, Богородица го пронаоѓа свештеното тихување..., оддалеченост од светот, заборав на сè земно и...

Св. Јован Кронштатски - Слово на денот на Успение на Пресвета Богородица

Св. Јован Кронштатски - Слово на денот на Успение на Пресвета Богородица

И колку славно било Нејзиното успение! Со каква светлина сјаело Нејзиното пречисто лице. Колку прекрасно, неописливо, неспоресливо благоухание извирало од нејзиното пречисто, приснодевствено тело, како што пишува св. Дионисиј Ареопагит,...

Свети Лука (Војно - Јасеницки): СЛОВО ЗА УСПЕНИЕТО НА ПРЕСВЕТА БОГОРОДИЦА

Свети Лука (Војно - Јасеницки): СЛОВО ЗА УСПЕНИЕТО НА ПРЕСВЕТА БОГОРОДИЦА

Многу е важно правилно да разбереме и да ги запомниме зборовите на тропарот на великиот празник на Успението на Пресвета Богородица: „... По Успението не си го оставила светот, Богородице...’’.Нејзината...

Архива: Беседа на Преображението на Господ и Бог и Спасителот наш, Исус Христос – Свети Григориј Палама

Архива: Беседа на Преображението на Господ и Бог и Спасителот наш, Исус Христос – Свети Григориј Палама

А и зошто Господ, пред почетокот на Преображението ги избира најглавните од апостолскиот лик и ги возведува со Себе на гората? Секако, за да им покаже нешто големо и таинствено....

« »

Православен календар (2)

 

26/12/2024 - четврток

Божикен пост (пост на масло)

Светите маченици Евстратиј, Авксентиј, Евгениј, Мардариј и Орест; Светата маченичка и девица Лукија (Луција); Светиот свештеномаченик Гаврил, патријарх Српски;
Правила и одредби на Православната Црква за постот
Православен календар за овој месец - МПЦ

Кожувчанка

Молитви кон Пресвета Богородица за секој ден во седмицата

 Радувај се, Ти Која од ангелот ја прими радоста на добрата вест дека Бог Слово ќе прими тело од Тебе! Радувај се оти го носеше Создателот во Твојата утроба! Радувај се Ти Која го роди Бога во тело, Спасителот на светот! Повеќе...

Тропар

Тропар на св. Христови маченици Евстратиј, Авксентиј, Евгениј, Мардариј и Орест 13 декември / 26 декември 2024

Тропар на св. Христови маченици Евстратиј, Авксентиј, Евгениј, Мардариј и Орест 13 декември / 26 декември 2024

Низ оган злато поминува за да се очисти, о свети Евстратие, но огнот тебе не те допре, затоа што напоен од благодатта...

Тропар на светиот Спиридон чудотворец 12 декември / 25 декември 2024

Тропар на светиот Спиридон чудотворец 12 декември / 25 декември 2024

Спиридоне, Богоносен оче наш,на Првиот Собор ти се покажа поборник и чудотворец.Затоа, мртвата од гробот ти прозбори,и змијата во злато...

Тропар на светиот Христов Столпник Данило преподобен 11 декември / 24 декември 2024

Тропар на светиот Христов Столпник Данило преподобен 11 декември / 24 декември 2024

Смирението твое о, Данило столпнику,по молитвите на твоите родители,со заштитиништвото на великиот Симеон,пат кон небесата ти отвори,а ангелите и луѓето...

Духовната убавина на Богородица се пројавува и во моментот на Распнувањето на Нејзиниот Син

Тебе, Богородице поборнице – војвотко, ние слугите Твои, откако се избавивме од зло, Ти пееме победни и благодарствени песни. Ти имаш сила непобедна, од секакви опасности ослободи не за да Ти пееме : Радуј се, Невесто Неневесна! Повеќе...

Болестите според светоотечкото учење

Значи, не се надевај на лекарска вештина без благодат и не ја отфрлај своеволно, туку моли Го Бога да ја спознаеш причината за казната, а потоа моли за избавување од немоќта, трпејќи сечење, горење, горчливи лекови и сите лекарски казни Повеќе...

Свети Лука Симтерополски: Архиепископ и хирург

Едноставно е да се претпостави дека професорот – епископ, соединувајќи го во своите раце крстот и скалпелот, ги порази современиците токму со тоа необично соединување на двете разновидни сфери на активност.  Повеќе...

Духовни поуки: „Помоли се за мене“

Со Бога зборувај многу, а со луѓето малку; ако во Божјиот закон се подучуваш - ќе успееш и во едното и во другото. Повеќе...

Живот без стрес

Ако разбереме што се крие зад стресот, ако ја видиме лагата, која што се крие зад него, на крајот ќе увидиме дека не постои причина за да бидеме во стрес.. Повеќе...

Митрополит Струмички Наум - Да пораснеме барем до Стариот Завет

И не само што немаат туку се и очигледна пречка за влез во Царството Небесно, и пречка да се сфати и пренесе неговата идеја и порака. Повеќе...

Епископ Тихон Шевкунов: „НЕСВЕТИ, А СВЕТИ“

Несвети, а свети. Луѓе, кои навидум живееле во нашето секојдневие, се соочувале со проблемите со кои ние се судираме, боледувале од болести од кои ние боледуваме, често осудувани од околината, а сепак, не биле секојдневни. Луѓе, кои не се на иконите, но го предавале животот од иконите во сите нивни дела, зборови, мисли. Луѓе, за кои тишината прозборила дека се свети.  Повеќе...

ГОЛЕМАТА ТАЈНА НА ДИВЕЕВО - Кој ќе доживее, ќе види

Како дополнување на оваа тајна, еве што слушнав од устата на 84-годишната игуманија на манастирот Дивеево, Марија. Бев кај неа во почетокот на 1903 година веднаш по канонизирањето на преподобниот Серафим и заминувањето на царското семејство од Дивеево. Повеќе...

Арх. Калиник Мавролеон: Монологот БОЖЈИ

 

Те гледав кога се разбуди угрово. Чекав да ми кажеш два-три збора, да се заблагодариш за се што ти се случува, да побараш мое мислење за се што треба да правиш денес. Повеќе...

За Моето име

Поуки на грузискиот Старец Гаврил Ургебадзе за последните времиња

 

„Ѓаволот има 666 мрежи. Во времето на антихристот луѓето ќе очекуваат спасение од космосот. Тоа ќе биде и најголемата замка на ѓаволот: човештвот ќе бара помош од вонземјаните, не знаејќи дека тоа се, всушност. – демони.“ Повеќе...

Взбранной Воеводе победительная