Дванаесет затвореници, осудени на доживотна робија во затвор во Виница (Украина), одлучија да положат монашки завети, пренесува украинскиот весник Сегодна.
Денеска, во манастирот кој се наоѓа во склоп на затворот живеат двајца монаси и дванаесет искушеника.
„Последните десет години читам од делата на Светите Отци, по шест до осум часа на ден. Волку време, колку што имам во затворот, не би имал ни во манастир“, вели Андреј Чистњаков, еден од монасите – осуденици.
Надлежните велат дека никогаш порано немало случаеви на масовно монашење на осуденици како денеска.
Извор: МПЦ