Скопје, 14 јануари 2012 год.- Дом за деца
По повод Божикните празници и Православната Нова Година, во името на надлежниот архиереј на Скопска православна епархија, Архиепископот Охридски и Македонски г.г. Стефан, подарокот (2 машини за сушење на алишта) , на Дом за деца „11 Октомври“- во Скопје, го предадоа претсавниците на епархијата: старешината на Соборниот храм, протоереј- ставрофор Драги Костадиновски, ѓакон Ванчо Умленски и јеромонах Григориј. Во спомен на овој убав гест на грижа за децата од овој дом, тие на претставниците на Архиепископот и Скопската епархија, им врачиа Благодарници.
Преминпортал
Лето Господово 2012