Скопје, 9 јануари 2012 год.- Резиденцијата на Поглаварот на Македонската Православна Црква
Денес, во резиденцијата на Архиепископот Охридски и Македонски г.г. Стефан беше приреден свечен ручек по повод неговиот именден, на кој присуствуваше државниот врв: Претседателот на Република Македонија г-дин Ѓорге Иванов, Премиерот г-дин Никола Груевски, и претседателот на Собранието г-дин Трајко Вељаноски. Од членовите на Светиот Архиерејски Синод на МПЦ на традиционалниот ручек присуствуваа Митрополит Повардарскиот г. Агатангел, и Митрополитот Брегалнички г. Иларион.
Преминпортал
Лето Господово 2012