На 25.12. 2011 година, верниот православен народ во Виена го празнуваше св.Спиридон Чудотворец , заедно со својот пастир и епископ , Митрополитит Европски г.Пимен кој одслужи Божествена Литургија во сослужување на отец Стојан Глигоров..
На Божествената Литургија после причеста со Светите Христови Тајни, верниците имаа прилика да го слушнат житието на овој свет и чудотворен Христов војник, да го слушнат толкувањето на Евангелието на денот : „Мнозина се поканети а малцина одбрани “, совети и пораки кои луѓето ги примаа како лек за душата .
Како и порано така и оваа посета на нашиот мил Владика г.Пимен, претставуваше вистинска радост помеѓу верниците, гладни и жедни за словото негово, и сите заедно поминавме прекрасни и душеполезни моменти.
Слава му и Благодарност на Господа Исуса Христа, милоста Негова нема крај ...
За Премин портал од Виена , А.Левковска