Почитувани,
Животот во некогаш моето среќно семејство, со големи планови за иднината, пред 6 години се претвори во пекол. Го изгубивме нашиот постар син, кој почина на 8 годишна возраст од леукемија. Болеста беше побрза и не стигна да замине на трансплантација.
За жал, во нашето семејство болеста повторно се појави. Имено, нашиот син Андреј Ѓорѓиевски е втор случај на заболување од истата болест со дијагноза: акутна лимфобластна леукемија, кој моментално се лекува на детската клиника Charite – Virchov во Берлин / Германија. За ова лекување веќе се уплатени 140.000 евра, но за потполно излекување на Андреј е неопходна трансплантација на коскена срцевина. За овој зафат потребни се дополнителни финансиски средства од преку 200.000 евра, кои моето семејство не може целосно да ги покрие од сопствени извори.
Искрено очекуваме и се надеваме на помош која би ни ја пружиле сите добри и хумани луѓе, кои согласно на сопствените можности би донирале одредена сума пари, со што би помогнале во победата на Андреј во неговата најважна животна битка.
Доколку се одлучите за уплата, истото може да го сторите на жиро сметка број 300-0010000221-18 во Комерцијална банка со цел на дознака – Хуманитарна помош за Андреј Ѓорѓиевски.
Веруваме дека постојат и луѓе кои сакаат, но не се во можност да одделат поголеми средства за донација. Во таков случај, најмалку што може да направите е да завртите на долунаведените телефонски броеви со што би донирале 100 денари:
070 / 143 183– за корисниците на телефонски броеви од Т-мобиле
077 / 143 077,- за корисниците на телефонски броеви од ВИП и
075 / 143 133 - за корисниците на телефонски броеви од ОНЕ
Однапред се заблагодаруваме.
Родителите :
Хелена и Среќко Ѓорѓиевски