Во дваесет и седмата недела по Педесeтница, кога Македонската православна црква ги празнува спомените на Свети Сава Осветен; Преподобен Нектариј Битолски; Преподобните Карион и Захарија; во параклисот посветен на Св. апостол Марко во манастирот на Светиот Великомаченик Димитриј (Марков манастир во Скопје) отец Дејан Трајков отслужи Божествена Литургија. На Литургијата верниот народ се причести со Светите Христови Тајни.
(Лука 13)
10 Во една од синагогите поучуваше Он во сабота.
11 И ете, дојде една жена која беше опседната со дух на немоќта осудена осумнаесет години; таа беше згрбавена и накако не можеше да се исправи;
12 штом ја виде Исус, ја повика и и рече: ‘Жено, се ослободуваш од болеста своја.”
13 И ги стави рацете Свои врз неа; и таа веднаш стана и Го славеше Бога.
14 А старешината на синагогата, негодувајќи што ја излекува Исус во сабота, одговори и му рече на народот: “Има шест дена во кои треба да се работи; тогаш доаѓајте и лекувај те се, а не со саботен ден!”
15 Но Господ му одговори и рече: “Лицемере, не го одврзува ли секој од вас својот вол, или осле, од јаслите во сабота и не го води ли да го напои?
16 А оваа ќерка Аврамова, што ја врзал сатаната еве веќе осумнаесет години, не требаше ли да се ослободи од тие врски во саботен ден?”
17 А кога го зборуваше ова, сите што беа против него се засрамија; а целиот народ се радуваше за сите славни дела, извршени од Него.
„Чудото за грбавата жена носи порака за нас – денешните луѓе.
Подгрбавени од соблазните на современиот свет, нашиот поглед го спуштаме од Небото кон земјата. Нашиот хоризонт се стеснува во рамките на нашите скојдневни чекори. И своите молитви се повеќе ги насочуваме кон земниот живот.
Еве одмина половина од исчекувањето на Рождеството Христово. Подтикнати од денешново евангелие, имаме уште три недели во смирение, пост, молитва и со милост кон ближните да подготвиме и оваа година уште еден духовен подарок за Богомладенецот. Нека еден таков подарок, кој е навистина наш и навистина од нас, ги надмине сите блескави Новогодишни и Божикни украси, трпези и подароци кои, колку и да се сјајни за сетилата, сепак остануваат на земјава.“
За Преминпортал
Ратислав Кардалев