Скопје, 17 декември 2011 год.- манастирска црква на св.вмч. Георгиј, Криви Дол
Во дваесет и шесттата недела по Педесeтница, кога Македонската православна црква го празнува споменот на светата великомаченичка Варвара и свети Јован Дамаскин, во манастирската црква посветена на св.вмч. Георгиј Победоносец во месноста Криви Дол, во Скопје, во присуство на Архиепископот Охридски и Македонски г.г. Стефан, јеромонах Атанасиј Арсовски во сослужение на презвитер Горан Тасевски и ѓакон Игор Настоски, отслужи Божествена Литургија . На Литургијата бројниот верен народ се причести со Светите Христови Тајни. На крајот од Литургијата, Архиепископот г.г. Стефан ги благослови присутните верници поделувајќи ја нафората т.е. антидорот.
Старец Софрониј -„ Со послушание, нашето срце и нашиот дух ќе се прошират бескрајно. Со послушание, нашиот живот станува особено осветен, дури и во најдлабокиот сон! Со послушание се бориме против страстите, така што ниедна страсна помисла да не може да нè зароби! Послушанието е совршено ослободување од сопствената волја! Тоа е патот што треба да го следиме за да бидеме слободни, за да го слушаме во нашето срце гласот на Светиот Дух. Онолку колку што во нас ќе опстојува некоја страст, нашиот живот ќе биде трагичен, безизлезен. Не можеме да најдеме мир, без целосно ослободување од нашата волја! “
Преминпортал
Лето Господово 2011