На денот кога Светата Христова Црква го слави споменот на светиот пророк Илија во манастирската Црква Св. Георгиј во Скопје се отслужи Архиерејска Божествена Литургија на која чиноначалствуваше Митрополит Американско- канадски г. Методиј во солужение на презвитер Игор Калпаковски и ѓаконот Горан Стојчевски.
Верниот народ се причести со Светите Тајни Христови.